OpenLab CDS претставува хроматографски дата систем кој обезбедува продуктивност, искористливост и дата интегритет. Преку овој софтвер, Вие како корисник можете целосно да го контролирате вашиот Agilent хроматограф без разлика дали е тој течен (LC), гасен (GC), течно масен (LC/MS) или гасено масен (GC/MS).
Фармахем е една од ретките мали и средни претпријатија која што е континуирано наградувана од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.
Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.
На 1 октомври 2020 година, Фармахем одбележа значаен јубилеј, 30 годишнина од постоењето. По тој повод, секој вработен во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем засади дрво во заедничка активност во Спортско-рекреативниот центар „Сарај“. 30 засадени дрвја се јавори во чест на 30 годишнинината, а останатите се нарекуваат популарно „golden rain“ за златна иднина! Вкупно беа засадени 75 дрвја во чест на 75-годишнината од раѓањето на основачот на Фармахем, директорот д-р Јосиф Таневски.
Од денес и официјално, документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) е помеѓу петте номинирани филмови за престижната награда Оскар во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“. Документарниот филм „Медена земја“ е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а воедно е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Совршено е кога визијата на фирмата и на вработените се поклопуваат во одредена мерка. Како компанија вложуваме многу во едукација на вработените, како и на нашите соработници. Пред сé, инвестираме во стручно знаење, но секако ги промовираме и вредностите во кои силно веруваме, особено во сегментот на заштита на животната средина, одржливо користење на ресурсите, родова еднаквост и недискриминација по никаков основ.
Фармахем e добитник на признанието за најдоброто од истокот во областа на заштитата на животната средина за 2018 година, како координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, која во изминатите години значително влијае на подобрување на зачувувањето на природните вредности во Брегалничкиот слив.