29.12.2016 ПРЕЗЕНТИРАНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРВАТА ФАЗА НА ПРОГРАМАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА ВО МАКЕДОНИЈА

На 21 декември 2016 година во кино Фросина МКЦ беа промовирани резултатите од првата фаза на Програмата за зачувување на природата во Македонија. На настанот присуствуваа голем број претставници на национални и локални институции, меѓународни организации, како и на партнерите на ПЗП. Пред присутните свое обраќање имаа Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија, Влатко Трпески, раководител на сектор за природа во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ратко Димитровски, претседател на Советот на Источен плански регион и Драгица Здравева, раковидител на Центарот за развој на Источен плански регион.
Резултатите од активностите на програмата во изминатите четири години, како и плановите за следната фаза беа презентирани од страна на националниот тим лидер на ПЗП Марјана Шушлевска и интернационалниот тим лидер Зора Урех.

Како дел од настанот беа презентирани три промотивни видеа подготвени во рамки на првата фаза од програмата.
Видеото „Одржливо производство на ориз“ промовира поинаков пристап во производството на ориз, кој е еден од стратешките земјоделски производи во Брегалничкиот регион. За разлика од конвенционалниот начин на производство, одржливото производство на ориз покрај одржливото користење на природните ресурси дава и финансиски придобивки за самите производители. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=MI0PNSnASrk 

„Пчеларството – врска помеѓу зачувувањето на биодиверзитетот и социоекономските придобивки“ е видео кое е фокусирано на придобивките од пчеларењето и добивањето на мед, како од аспект на одржливо користење на природните ресурси, така и од аспект на еконнимски придобивки за пчеларите. Правилната едукација е еден од најважните фактори за успешно пчеларство. Видеото можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=CG8GMEWOS4Y

На настанот беше најавен и документарниот филм „Медена земја“ кој ги остави без здив сите присутни, нагласувајќи ја врската меѓу човекот и природата.

Овие видеа се од исклучителна важност не само за промоција на програмските активности на ПЗП, туку и за промоција на природните вредности на Брегалничкиот слив и доближување на концептот за одржлив развој кон сите заинтересирани страни.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk