array(1) { ["url"]=> string(42) "tabs/view/ec98774efabb5da32c14642198d9176c" }

Лабораториска опрема

  • Автоматски хематолошки анализатор XP-300 (SYSMEX),
  • Автоанализатор за одредување на седиментација на еритроцитите (KIMASED Auto 20), 
  • Биохемиски анализатор А25 (BioSystems),
  • Биохемиски анализатор BS -240 pro (Mindray),
  • Потполно автоматизиран ензиматски имуноанализатор (TOSOH AIA 900), 
  • TOSOH G8,
  • ELISA (Mindray MR-96A),
  • Комплетно автоматизиран POC sistem (Radiometer AQT90),
  • Автоматски апарат за читање на урини (DocUReader 2),
  • Инструмент за хемостаза (DIAChek-C1-DIALAB),
  • Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche).

Хематолошки анализатор SYSMEX XP-300

Sysmex XP-300 е автоматски хематолошки анализатор кој дава 3-диференцијална крвна слика со 20 параметри во мод на полна крв и во мод со пре-дилуција. Издвојувањето на неутрофилите како посебна група на бели крвни клетки е од огромно клиничко значење. Работи во отворен мод со брзина од 60 анализи на час и примерок од 50 µL. Поседува LCD екран во боја, вграден термален печатач и бар-код читач со кој се овозможува безбедно, едноставно и брзо вчитување на реагенсите. Има можност за приклучување во „on-line“ систем за надворешна контрола на квалитет „SNCS IQAS On-line“, акредитиран согласно со ISO/IEC 17043.


KIMASED Auto 20


Kimased Auto 20 е автоанализатор за одредување на седиментација на еритоцитите. Отчитувањата се вршат со IR LED оптички систем.


Биохемиски анализатор А25 (BioSystems)

А25 е автоматски биохемиски анализатор специјално дизајниран за изведување на биохемиски клинички анализи. Анализаторот може да работи со пет типови на примерок: серум, урина, плазма, цереброспинална течност и супернатант. Малата количина на примерок за анализа и можноста за изработка на 240 анализи за еден час го прави А25 анализаторот погоден за секоја лабораторија.


Биохемиски анализатор Mindray BS-240 pro

MINDRAY BS-240 pro е биохемиски анализатор за in vitro дијагностика. Примероци кои може да се анализираат на овој биохемиски анализатор се: серум, урина, плазма и цереброспинална течност. Количината на примерок потребна за анализа  е 3-45 µL, а може да изработува до 200 анализи за еден час.

Работната температура на анализаторот е 370С.


TOSOH AIA-900

Tosoh AIA-900 е потполно автоматизиран ензиматски имуноанализатор. Неговиот реален капацитет (брзина на изведување на анализите) е 90 тестови/ час со континуиран капацитет на отчитување.

Со него се изработуваат тироидни хормони, полови хормони, туморски маркери итн. 


TOSOH G8 - HPLC анализатор за HbA1c со висока прецизност

  • Златен стандард во одредувањето на гликозилираниот хемоглобин;
  • Резултат изразен во хроматограм, mmol/mol и процентен однос на HbA1c во однос на вкупниот хемоглобин (%);  
  • Референтна метода која се користи од DCCT (Diabetes Control and Complications Trial);
  • Сертифициран согласно со NGSP и IFCC;
  • Резултат за HbA1c за 1–1.6 минути;
  • Потполно автоматизирано изработување на анализите, одржување и исклучување;
  • Интегриран бар-код читач за идентификација на примероците;
  • Високо квалитетна хроматографска резолуција;
  • Потребен е само еден вид на носач на примероци на кој континуирано се нанесуваат сите примероци со различна големина на епрувети, по било кој редослед и на било кој носач.

ELISA (Mindray MR-96A)

ELISA (Enzyme-Linked ImmunoSorbent Assay) Mindray MR-96A е биохемиска техника што најчесто се користи во имунологијата за откривање на антитела или антигени во испитуваниот примерок. Тоа е многу прецизна, квантитативна техника со која се овозможува едноставно мерење и лесна интерпретација на резултатите.


Radiometer AQT90


Комплетно автоматизиран POC sistem за брза анализа на д-димери. Работи со TRF- метода.


DocUReader 2


DocUReader 2 нуди брзи POC тестирања на урината.

При автоматска инкубација се изработуваат околу 50 анализи на час, додека без автоматска инкубација до 120 анализи на час.


DIAChek-C1 (DIALAB)

DIAcheck C1 e едноканален оптички коагулометар кој ги одредува основните параметрина втората фаза од хемостазата (од коагулационата каскада) во хумана цитратна плазма. Дизајниран е за in vitro во дијагностички лаборатории.


Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche)

Roche 9180 eлектролитниот анализатор овозможува мерење на електролитите во полна крв, серум, плазма и урина. Користи мали количини од примерокот за анализа, а резултатот се добива за многу кратко време.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk