12.01.2016 ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

 

Фармахем уште еднаш ја потврди својата заложба за севкупен пристап кон општествената одговорност на претпријатиjата (ООП), бидејќи активно делуваме во сите области на ООП. Оваа година, особено сме горди што освоивме престижно национално признание за најдобри општествено одговорни практики за 2014 година во категоријата „заштита на животната средина“. Признанието го добивме за проектот „Мал чекор кон зачувување на природата“.

 

Целта на проектот е да се зајакне и да се подигне свеста на вработените во Фармахем за значењето на зачувувањето и заштитата на биолошката разновидност, како еден од сегментите  на одржливиот развој, за да можат потоа да дејствуваат во областа самостојно, или како дел од групи. Идејата за одржување презентации и предавања за различните растителни и животински видови, типични за посетените локации, нивните основни карактеристики, опасностите коишто им се закануваат и начините на нивно зачувување, заштита и одржливо користење потекна од Секторот за еколошки консалтинг на Фармахем, а беше изведена од Зоран Настов, дипл. инж. биолог и Марјана Шушлевска, дипл. инж. биолог.

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

лица одговорни за ООП во Фармахем

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk