Големо задоволство ни е да соопштиме за нашето просторно проширување на нова локација. Новиот објект од 2.100 m2 за Лабораторијата за животна средина, Сервисот за медицинска опрема и Магацинот се наоѓа на ул. „Шар Планина“ 20. Дирекцијата со комерцијалните сектори и секторот за еколошки консалтинг се и натаму на поранешната локација на Кичевска 1.
По поминатите оценки за акредитација во новиот објект за ISO 17025 за Лабораторијата за животна средина (од 2010) и ISO 9001 за Фармахем (од 2003), прославивме на колегијално дружење во новиот објект.
Архитекти на објектот на Фармахем на ул. „Шар Планина“ 20 се проф. д-р Коробар Влатко и диа. Коробар Војдан, а изведувач е компанијата Бортас. За само 1 година изведоа современ објект, енергетски ефикасен, со многу пријатен амбиент за работа според нашите потреби задоволувајќи европски стандарди.
Ќе ни биде задоволство да нè посетите на обете локации за да ја продолжиме нашата досегашна успешна соработка и воспоставиме нови мостови на соработка. Фотографија: Небојша Гелевски-Бане (Кома) и Драгољуб Николовски.