13.11.2013 „ФАРМАХЕМ НА ВРВОТ НА СВЕТОТ” со Илина Арсова и јуниорите

Во рамките на проектот ,,Малите фармахемчиња во посета на Фармахем“, на 05.10.2013 год., децата на вработените по втор пат беа во посета на „Фармахем“ и имаа можност да се запознаат со Илина Арсова - првата Mакедонка која се искачи на Монт Еверест и го достигна врвот на светот. Низ презентацијата на Илина, децата можеа да го почувствуваат духот на издржливост, истрајност и победа, карактеристики кои ја опишуваат тимската работа и на нашата компанија.

 

Децата во таа пригода нацртаа колажи коишто се искористени за илустрирање на календарот на Фармахем за 2014 година, а Илина како ликовен уметник помогна со идеи и насоки во нивната изработка.

 

„Фармахем“ со донација за 8-март - Денoт на жената, ја поддржа Илина Арсова во нејзиниот подвиг за освојување на Монт Еверест. 

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk