27.01.2026 ЗАПОЧНУВАМЕ СО НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА ПРИРОДАТА!

Возбудени сме што официјално ја започнуваме Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија, како заедничко залагање посветено на заштита на нашите природни живеалиштаобновување на екосистемите и поддршка на заедниците што зависат од нив.

 

На настанот за официјално претставување на програмата на 27 Јануари ја презентиравме програмата пред клучните засегнати страни и партнери, кои ја изразија својата поддршка и подготвеност заедно да изградиме поотпорна иднина.

 

Реализацијата на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите е замислена како инклузивен процес, кој ги препознава улогите на институциите, локалните заедници, граѓанските организации, приватниот сектор и експертската јавност, што е од особено значење од самиот почеток, за да обезбедиме отпорни екосистеми за идните генерации.

 

Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите е проект на Швајцарската влада, спроведуван од страна на конзорциоум преводен од Фармахем, во партнерство со Хелветас и Македонско еколошко друштво, како подизведувач.

 

Заедно, преземаме значајни чекори кон отпорни екосотеми и зачувана природа! 

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk