Следејќи ги новите европски трендови во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и согледувајќи ја потребата од континуирано и реално следење на состојбата со животната средина во Репубика Македонија, а сè со цел Република Македонија да се приближи до европските стандарди во областа за животната средина до 2014 година, Фармахем ја основа Лабораторијата за животна средина во почетокот на 2008 година.
Во 2010 година Фармахем Лабораторијата за животна средина се стекна со Сертификат за акредитација согласно со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018.
Во 2014 година во состав на Фармахем Лабораторијата за животна средина се отвара и одделение за калибрација на сила и волумен, со акредитирање на методa за калибрација на преси во градежништво и метод за калибрација на пипети со клип.
Веќе во 2018 година Фармахем Лабораторијата за животна средина го проширува својот опсег на работа преку акредитирање на нови методи, со што денес има 42 акредитирани методи за тестирање и 6 акредитирани методи за калибрација.
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ УСЛУГИ НА АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА СПОРЕД ISO/IEC 17025?
Акредитацијата ISO / IEC 17025 е единствениот и најважен стандард за лаборатории за калибрација и тестирање ширум светот. Акредитирани лаборатории согласно на ISO 17025 се лаборатории кои се технички способни и компетентни да обезбедат прецизни и точни податоци за тестирање и калибрација. Акредитацијата е доброволен процес кој е разгледуван и следен од трето тело (Институт за Акредитација на Република Македонија – ИАРМ) и преку кој системот за управување со квалитет на лабораторијата редовно се оценува, со цел да може да се гарантира континуирана техничка компетентност и усогласеност со ISO 17025.
Телата за акредитација на лаборатории го користат стандардот ISO 17025 при оценување на факторите кои се релевантни за способноста на лабораторијата за обезбедување на прецизни, точни податоци за тестирање и калибрација вклучувајќи:
За да се обезбеди континуирана усогласеност, Фармахем Лабораторијата за животна средина е подложена на проценка и проверка, со цел да се утврди дали го задржува потребниот стандард на техничка експертиза. Лабораторијата исто така е обврзана да учествува во редовните програми за тестирање на стручност (PT шеми и меѓулабораториски споредби) како тековна демонстрација на нивната компетентност.
КАКВА КОРИСТ ИМААТ КЛИЕНТИТЕ ОД ОВА?
Акредитацијата според стандардот ISO / IEC 17025 на клиентот му помага да:
Клиентите кои бараат акредитирана лабораторија според ISO 17025 не треба да бараат надвор од Фармахем Лабораторијата за животна средина. Обучениот персонал на Фармахем Лабораторијата за животна средина излегува во пресрет на барањата на клиентите и обезбедува идеални услови за соработка со цел обезбедување на квалитетни услуги, како тестирање и калибрација, кои ги задоволуваат барањата на клиентите.
Фармахем Лабораторија за животна средина овозможува услуги кои се однесуваат на тестирање на мерни параметри животна средина, како:
Трајната определба – клучот за успехот на ФАРМАХЕМ ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА се темели врз следниве принципи/начела дадени во ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ:
Процедура за управување со рекламации