Лабораторија за калибрации на мерила за релативна влажност, температура, маса и мултиметри за електрични параметри
Фармахем Сервис Лабораторија за калибрации е акредитирана во јуни 2009 од Институтот за акредитација на Република С.Македонија согласно МКС EN ISO/IEC 17025.
Фармахем Сервис Лабораторија за калибрации може да врши калибрација на:
- Контактни термометри;
- Инфрацрвени термометри;
- Инструменти за релативна влажност;
- Климатски комори;
- Водени бањи;
- Ваги;
- Мултиметри за електрични величини.
Калибрација на мерила за релативна влажност
- Калибрации на инструменти за релативна влажност од 10 % до 90 % RH;
- Калибрации на климатски комори од 10 % до 90 % RH (до 50 °C).
Калибрација на мерила за температура
- Калибрација на аналогни и дигитални термометри од -20 °C до +660 °C;
- Калибрација на инфрацрвени термометри од -20 °C до +350 °C;
- Калибрација на температурни комори (инкубатори, печки за жарење, сушари, стерилизатори) и водени бањи од -20 °C до +1000 °C.
Калибрација на мерила за маса
„Фармахем Сервис Лабораторија за калибрации“ врши калибрација на аналитички, прецизни, технички ваги и халогени влагомери до 40 kg.
Калибрација на 3.5 до 6.5 дигитни мултиметри за електрични величини
- Електричен напон DC/AC до 1000 V;
- Јачина на електрична струја DC/AC до 22 А;
- Отпорност до 100 MΩ;
- Електрична моќност до 20 kW;
- Капацитет до 10 mF;
- Фреквенција до 10 MHz;
- Струјни клешти до 1000 А.
Лабораторијата за калибрации користи своја база на податоци во која сите регистрирани корисници имаат пристап до своите инструменти и сертификатите од калибрацијата.
Брошура за калибрација на инструменти
Кратка презентација за калибрација на инструменти
Контакт:
- дипл. ел. инж. Зоран Ѓуровски, раководител на Фармахем Сервис
е-пошта: zoran.gjurovski@farmahem.com.mk
- дипл. инж. физ. Ирина Ѓуровска, раководител на лабораторија за калибрации
е-пошта: irina.gjurovska@farmahem.com.mk
- дипл. физ. Ана Јанкоска, стручен соработник за термодинамика
е-пошта: ana.trpkovska@farmahem.com.mk
- дипл. физ. Марија Крстева, стручен соработник за термодинамика
е-пошта: marija.bajlozova@farmahem.com.mk
- Зоран Миладиновски, стручен соработник за калибрации
е-пошта: zoran.miladinovski@farmahem.com.mk
- Абедин Исеиновски, стручен соработник за калибрации
е-пошта: servis@farmahem.com.mk
.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................