24.11.2026 ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ за „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ШУМАРСТВОТО (2027–2047) И АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ“

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

за „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ШУМАРСТВОТО (2027–2047) И АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ“

Референтен број: 03/07/981


Краен рок за доставување на понуди: 14.12.2026 година, до 15:00 часот.

Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија ги поканува заинтересираните субјекти да достават свои понуди по пошта на адресата ул. „Кичевска“ бр. 1, 1060 Скопје, на начин утврден во тендерската документација, најдоцна до 14.12.2026 година, до 15:00 часот.

Понудите се адресираат до Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија, со назнака „За јавен повик (Реф. бр. 03/07/981)“. Финансиската понуда се изразува во денари (МКД), без ДДВ.

Тендерската документација, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација, е достапна на следниов линк.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања исклучиво во писмена форма, на е-адресата jasminka@farmahem.com.mk, најдоцна до 09.12.2026 година.

Програмската активност „Изработка на Стратегија за одржлив развој на шумарството (2027–2047) и Акционен план за нејзино спроведување“ се реализира во рамки на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија, проект поддржан од Владата на Швајцарија. Проектот го спроведува конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation и во соработка со Македонското еколошко друштво како подизведувач.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk