Наградите за предводници на целите за одржлив развој се доделија во три категории: поединци вработени во компании, компании и млади бизнис лидери, a Фармахем ја доби наградата во категоријата „Компании предводници за одржлив развој“. Наградите се доделиja во рамките на проектот „Градење на меѓусекторски партерства за одржлив развој“, спроведен од организациите „Конект“, „Agora“ и Мрежата на Глобалниот Договор од Бугарија, а поддржан од УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската унија.