Фармахем, ПЗУ „Дијагностика Фармахем“ и колешката Мери Спасовска-Гичева добија благодарници за исклучителна поддршка и придонес на СОС Детско село.
Детските насмевки и здравје се најважни!
ПЗУ „Дијагностика Фармахем“ со големо задоволство донира бесплатна крвна анализа за сите дечиња во СОС Детско село како и детски маски и дизинфектанти.
Радоста и среќата се секогаш двојно поголеми кога се споделени. Ги охрабруваме сите кои се во можност да донираат за овие детски насмевки, да придонесеме заедно повеќе среќа и љубов во нивниот дом.