Работник на годината 2020 - Крсте Ѓуровски

Крсте Ѓуровски ја освои наградата за најдобар работник во 2020 година.

Во потесен избор беше номиниран заедно со колегата од Фармахем Сервис, Зоран Мирчевски.

Крсте ја освои наградата за неговата трудољубивост, трпеливост, ведрина и ентузијазам. Постојано со насмевка на лицето и подготвен да помогне на секого.

Крсте ја одбележа 2020 година на пандемијата во која ниту еден момент не застана, секој ден беше на работа, со истото темпо и со истата ведрина и трдољубивост.

Поради пандемијата на коронавирус и оваа година гласањето се одржа преку интернет. 

Крсте освои 53% од гласовите на вработените од Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ „Дијагностика Фармахем“.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk