ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ТЕЛОТО

Дали сте постојано сонливи, уморни, без енергија? 

Време е за чистење на телото! Дали знаевте дека чистењето на телото може да помогне да се врати енергијата и да се подобри здравјето? Само треба да посветите малку време и труд за да постигнете одлични резултати.  

Зошто треба да го чистиме телото?

Нашето тело е оптоварено со варење тешка и нездрава храна. Притоа, исто така мора да ги елиминира пестицидите, загадувачите и токсичните материи, коишто влегуваат во телото од нашата околина и храната. Ако се додадат тука и стресот, пребрзото темпо на живот и недостатокот на вежбање, ќе се добијат доволно причини за преоптоварување и ослабнување на телото и спречување на неговото правилно функционирање. Неправилното функционирање на телото може да предизвика помали заболувања, како што се замор и сонливост, а подоцна и големи проблеми, како депресија, предвремено стареење и разни болести.

Детоксикацијата или чистењето на телото му помага на телото да ја врати својата природна рамнотежа. Многу луѓе сведочат дека чистењето им помогнало да ја вратат енергијата, концентрацијата и позитивниот став.

Симптоми дека имате вишок токсини во телото:

Главоболка, проблеми со кожата, лош здив и непријатен мирис на телото, раст на кандида, депресија, летаргија, слаба меморија, надуеност и гасови зголемување на телесната тежина или прекумерно губење на тежината, затвор, предвремено стареење, разни болести.

Начини на чистење на телото

Постојат неколку начини на детоксикација на организмот. Изберете го оној којшто најмногу ви одговара. Природата ни нуди едноставни и бесплатни начини за чистење на телото.

Пост

Ова е најбрзиот, најлесниот и бесплатен начин на чистење на вашето тело. Постот е еден од најдобрите методи за регулирање, прочистување и обновување и со тоа, зачувување на здравјето на дигестивниот и метаболичкиот систем, т.е. целокупниот метаболизам.

Пост со сокови

Уште еден многу ефикасен начин да се ослободите од токсините епостот со сокови, којшто е сличен на постот со вода. Не јадете ништо, пијте само свежи сокови (коишто самите ги правите дома) и чиста вода. Овој пост може да трае од 1 до 3 дена.

 Ваквиот пост не се препорачува за трудници, доилки, лица со нарушувања во исхраната и постари лица.

Конзумирање свежа храна

Свежата храна содржи ензими коишто помагаат во варењето на храната. Кога храната се готви, ензимите се уништуваат. Некои научници сметаат дека уништените ензими се претвораат во слободни радикали и нестабилни молекули, коишто предизвикуваат предвремено стареење и разни болести. 

Детоксикациска диета

Во денешно време, детоксикацијата стана толку популарна што се појавија голем број т.н. диети за детоксикација ‒ диета за чистење на телото од токсини.

Иако може да се разликуваат, диетите за детоксикација во основа ги имаат истите принципи.

Основни принципи на диетата за детоксикација:

  • пијте колку што е можно повеќе течност (чиста вода, сокови, билни чаеви);
  • избегнувајте кафе, алкохол, чоколадо;
  • јадете што повеќе зеленчук и овошје;
  • јадете колку што е можно повеќе свежа храна;
  • претпочитајте вегетаријанска исхрана;
  • избегнувајте рафинирани масла, бел шеќер, обично брашно, тестенини, ориз, компири, соја, маргарин и преработена храна;
  • јадете лесна храна ‒ супи, зеленчук и сл.;
  • ограничете ги млечните производи, исфрлете го сирењето;
  • ако е можно, користете органски одгледана храна;
  • не вежбајте прекумерно за време на чистењето, се препорачува јога и медитација, сауна, топли бањи и избегнување стрес.

Билни чаеви

Билните чаеви веќе долго време се користат за лекување, чистење и подобрување на телото. Чаевите се вкусен и ефикасен начин за детоксикација.

Некои од билките коишто може да се користат за чистење на телото се следниве:

  • Silybum marainum помага во процесот на чистење и е многу добар за црниот дроб;
  • Коренот од Arctium lappa нежно ги чисти црниот дроб и крвта;
  • Rumex crispus ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи;
  • Глуварчето (Taraxacum officinale) е добро за чистење на кожата, има диуретично дејство;
  • Црвениот корен (Ceanothus Americanus) ја поттикнуваработата на лимфните јазли;
  • Ѓумбирот (Zingiber officinale) ја подобрува циркулацијата и варењето.

Без разлика каков вид на чистење ќе изберете, пијте што повеќе билни чаеви!

Сауна

Ако размислувате за чистење на телото, не заборавајте на сауната!

Сауната е едноставен, евтин и пријатен начин да се исчистите од токсините. Дава одличен резултат не само во детоксикација на телото. Со илјадници години луѓето ја користат сауната како здрав и ефикасен начин на грижа за своето здравје.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk