Проект: „ФАРМАХЕМ НА ВРВОТ НА СВЕТОТ – со Илина Арсова и јуниорите“
Цел: Фармахем ги вклучува и децата на своите вработени во проектите за општествена одговорност.
Oваа година Фармахем ја поддржа Илина Арсова со 8-мартовската донација во нејзиниот подвиг „Прва Македонка на Монт Еверест“. Потоа, одлучивме да ја поканиме во Фармахем за да ја запознаат децата на вработените и да им ги пренесе своите искуства и авантури во освојување на планински врвови низ целиот свет и својата страст за планинарењето и за спортувањето, воопшто.
Активности: Во рамките на проектот ,,Малите фармахемчиња во посета на Фармахем“, децата на вработените по втор пат беа во посета на Фармахем и имаа можност да се запознаат со Илина Арсова - првата Mакедонка која се искачи на Монт Еверест и го достигна врвот на светот. Низ презентацијата на Илина, децата можеа да го почувствуваат духот на издржливост, истрајност и победа, карактеристики кои ја опишуваат тимската работа и на нашата компанија. Воедно, тие можеа да видат дел од планинарската опрема, како и одблиску да се дружат и сликаат со Илина.
Оваа посета се одржа на 05 октомври 2013 година и на неа учествуваа 13 деца.
Резултати: Децата во таа пригода низ креативна работилница изработија колажи, а Илина Арсова како ликовен уметник помогна со идеи и насоки во нивната изработка.
Децата цртаа на следните теми: „Планинарење и природа“ и „Фармахем на врвот на светот!“ со помош на самолепливи листови за колажи и фломастери.
Колажите се искористени за илустрирање на календарот, роковникот и новогодишната честитка на Фармахем за 2014 година.
Марјана Шушлевска
Александра Петровска-Горин
Лица одговорни за ООП во Фармахем