Како резултат на константните заложувања за општествено одговорно управување, Фармахем досега има освоено бројни награди и признанија за општествена одговорност. Во 2007 год., Фармахем ја добива првата награда за општествена одоговорност на претпријатијата (ООП) за проектот “Формирање на групација за еколошки консалтинг во рамките на Стопанска Комора на Македонија”. Наградата ја добивме за несебичен придонес во полето на заштитата на животната средина од германската влада. Следната 2008 год, Фармахем повторно освојува награда за ООП во категоријата: однос со снабдувачи/потрошувачи за проектот “Обука на вработените во Дирекција за храна и други засегнати страни во согласност со барањата на HACCP системот”. Воедно, во 2008 год. Фармахем добива и награда од Град Скопје за најеколошка компанија и награда од Стопанска Комора на РМ, НВО Транспарентност-Нулта копрупција и Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија за компанија со добро корпоративно управување.
Следењето на концептот за ООП во Фармахем продолжува со забрзано темпо што се гледа во освоени две први национални награди во 2009 година од Министерство за економија и Националното координативно тело, како и две благодарници. Првите награди ги добивме во категориите: односи со вработените со проектот “Зајакнување на капацитетите за тимска работа и градење на лојалност кон фирмата” и однос кон потрошувачите/купувачите за проектот “Работилница за бело саламурено сирење”, а благодарниците во категориите: животната средина за проектот “План за управување со отпад за Општина Ѓорче Петров” и продонес кон заедницата за проектот “Формирање на лабораторија за животна средина”.
Според министерот за економија, Фатмир Бесими, оваа награда е начин да верифицираме успешни примери во примената на концептот на општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија, со кој компаниите, во нивните деловни активности и во нивната интеракција со заинтересираните страни, на доброволна основа, ги интегрираат социјалните грижи и грижата за заштита на околината. Затоа таа станува сé позначаен концепт во светски рамки и во ЕУ и се поврзува со одржливиот развој, поттикнувањето на конкурентноста, економскиот раст и создавањето работни места.
Во 2010 Фармахем продолжува со трендот на освојување на награди за ООП во категоријата на мали и средни претпријатија и освојува награда во категоријата етичко управување.
Одговорни лица за ООП во Фармахем:
Марјана Шушлевска
Александра Петровска-Горин