SurePrint Human miRNA Microarrays обезбедуваат сеопфатно покривање на miRNAs.
Дизајн на пробата и уникатниот метод за обележување, обезбедуваат оптимална сензитивност и специфичност.
Agilent miRNA microarrays имаат најдоследни перформанси во детекција на miRNA, супериорна во однос на qPCR, секвенционирање и други microarray платформи.
Agilent Human Genome CGH+SNP Microarray е тест со две бои кој содржи 60-мерни олигонуклеотидни CGH и SNP проби синтетизирани „in-situ“ со помош на SurePrint технологија на печатење. Овозможува симултана детекција на промените на бројот на копиите и неутралните аберации, како што се губење на хетерозиготноста (LOH) и унипарентната дисома (UPD), во еден тест.
Agilent Technologies (Multiplicom) е моќен и сигурен актер во молекуларната дијагностика. Нашите производи и решенија ги вклучуваат најновите медицински откритија во хуманата генетика, онкологијата и пренаталниот скрининг. Нудиме широк опсег на молекуларни Next-Generation Sequencing (NGS) решенија.
AriaMx Real-time PCR систем е целосно интегриран квантитативен PCR систем за амплификација, детекција и анализа на податоците. Инструментот може да има до шест оптички модули и за детекција користи SYBR® Green и EvaGreen бои, како и флуорогени проби, вклучувајќи ги TaqMan пробите.