Гасни анализи

Гасни и електролитни анализатори

Анализаторите на гасови во крвта и електролити на Nova Biomedical овозможуваат брзи и прецизни информации со можност за одредување на ацидобазни, електролитни и метаболни параметри во зависност од конфигурацијата на анализаторот.

Stat Profile pHOx basic

Stat Profile pHOx basic анализаторот на ацидобазен статус и метаболити поседува сензори кои лесно се заменуваат и оддржуваат, со брзина на анализирање од 46 примероци на час. Мал волумен на примерок од 55 µL. Анализаторот е мал и компактен, лесен за употреба и зафаќа малку простор. Има можност на мерење на pH, pCO2, pO2, SO2, Hb, Hct, како и можност за работа со полна, артериска, венска и капиларна крв. Сите анализатори од серијата pHOx имаат сензори кои лесно се одржуваат и заменуваат, течен кертриџ за калибрација и автоматски контролен кертриџ.

повеќе

Stat Profile pHOx Plus M

Stat Profile pHOx Plus М претставува идеално решение за лабаратории на коишто им е потребно одредување јонизиран магнезиум. Покрај стандардното тест мени, вклучува и определување на iMg, Glu, Lac, K+, Na+. Овој анализатор има можност за работа со полна, артериска, венска и капиларна крв.

повеќе

Stat Profile pHOx Plus L

Stat Profile pHOx Plus L е совршен избор за лабораториите коишто своите мерни анализи ги прават од серум или од плазма. Компактен и лесен за ракување, како и останатите анализатори од неговата категорија, Stat Profile pHOx Plus L претставува совршено решение за секоја лабораторија.

повеќе

Stat Profile Prime Clinical Care System

Stat Profile Prime CCS - револуционерен во својата генерација со употреба на микросензорна картичка во којашто се вклучени сите сензори за мерење на бараните параметри, тој претставува ново достигнување на гасните анализатори. Поседува уникатна технологија со која се превенира запушување на анализаторот од коагулум. За активирање на микросензорната картичка потребни се неполни 45 минути, по што анализаторот е спремен за анализирање. Можност за мерење на pH, рCO2, рO2, SO2, Hct, Na+, K+, Ca++, Cl-, Glu, Lac.

повеќе

Stat Profile Prime Plus

Најнов во својата генерација, Stat Profile Prime Plus по своите перформанси претставува уникатен анализатор. Со целосно кооксиметриско тест мени кое опфаќа 22 анализи, микросензорна картичка, кертриџ за калибрација одвоен од микросензорната картичка, како и контејнер за отпад кој е интегриран во самиот кертриџ за калибрација, дава брзи и прецизни резултати, редуцирајќи го ризикот од инфекција кај корисникот.

Сертификат од FDA

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk