Мерна опрема за мониторинг на температура и влага

Мерна опрема за мониторинг на температура и влага

Мониторингот на температура и влага е од исклучителна важност во многу области, како на пример:

  • следење на процесот во фармацевтската индустрија;

  • следење на амбиентните услови во објектите;

  • следење на процесите во истражување и развој, лаборатории и болници;

  • следење на условите при транспорт на чувствителни артикли и др.

Од програмата на Testo, Ви нудиме решение за мониторинг на темепратура и влага соодветно на Вашите потреби.

Дата логери

Дата логерите Ви обезбедуваат целосна документација потребна за контрола на квалитетот. Дата логерите од Тesto се издвојуваат благодарение на високото ниво на оперативност, сигурност и безбедност на податоците. Податоците за мерењето не се губат дури и кога батериите се целосно испразнети.

повеќе

Мониторинг систем со WI-FI дата логери SAVERIS 2

Во музеи, во фармацевтска имдустрија, во прехранбен сектор или во серверски простории, со Wi-Fi логерите Saveris 2, мониторингот и документацијата за температура и влажност станува наједноставна работа.

Предности:

  • едноставност: автоматско мерење на температурата и влажноста со Wi-Fi логери;

  • безбедност: мерните вредности се зачувуваат во логерите и во CLOUDбазиран софтвер;

  • флексибилност: пристап до мерните вредности секаде и во секое време преку компјутер или таблет/паметен телефон;

  • практичност: системот може да се прилагоди на Вашите потреби и да се прошири со дополнителни логери без ограничувања.

повеќе

Мониторинг систем TESTO SAVERIS

Testo Saveris централниот автоматски систем може да се употребува секаде каде што се произведуваат и складираат осетливи продукти на температура и влага, на пример во прехранбената индустрија (комори за одржување, замрзнувачи, фрижидери), во помали компании за производство на храна, фурни, месари, или во фармацевтската индустрија (температурно контролирани кабинети, магацини на лекови и т.н.). Мерниот систем може да се користи и во други индустрии за мониторинг на климатизацијата во објектите, како и во магацини, општо во секоја фаза од производството.

Главни предности на системот се:

  • автоматско складирање на податоците;

  • флексибилна комбинација на радио и етернет сонди согласно со потребите на корисникот;

  • лесна инсталација, конфигурација и ракување;

  • висока безбедност на податоците;

  • избор на софтвер согласно со потребите на корисникот;

  • достапни се повеќе опции за аларм, како што се алармот по SMS/e-пошта или реле.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk