Од „Фармa до Вилушка“, за проверки на самото место или долгорочен мониторинг, од програмата на германскиот производител Testo ви нудуме вистинско решение за вашата апликација:
мобилни и стационарни мерења;
калибрација на инструментите;
голем избор на сонди за сите aпликации.
Од програмата на Testo ви нудиме широка палета на производи за контрола на безбедност на храната во супермаркети, ресторани, кетеринг сервиси и сл.
Мерните инструменти од Testo веќе со години се користат по целиот ладен ланец, за контрола на пристигнатите стоки, складирање и за време на транспортот. Големиот избор на термометри, pH-мерни инструменти, дата логери, системи за следење на мерните податоци придонесуваат за обезбедување на безбедност на храната и почитување на законските одредби и норми.
Во производството на храна многу е важна информацијата за присуство на микроорганизми, како и органски недостатоци невидливи со голо око. Тестовите за детекција на ATP се карактеризирани со: голема брзина на изведување (за време од неколку секунди), рентабилност и најнизок степен на обука на персоналот за изведување на тестот.
Луминометарот PD 30, од јапонскиот проиводител Kikkoman, e единствен инструмент на пазарот со патентирана технологија на мерење на ATP и AMP, лесен за ракување, наменет за контрола на хигиената како дел од HACCP програмата.