Средства за чистење и дезинфекција

Septoforte® HAND 40

Septoforte® HAND 40 се користи за дезинфекција на раце

Начин на употреба:
9 mL Septoforte® HAND 40 се нанесуваат на влажни раце и се тријат 1 минута.

изглед: бистра течност со карактеристичен мирис;
♦ средство врз база на готов алхохолен раствор за употреба;
♦ запалливо.

Мерки на претпазливост:


повеќе

Vadelia® San

Vadelia®San се користи за чистење и дезинфекција на раце.

Начин на употреба: Се нанесува мала количина на влажни раце, добро се трие и се плакне со вода.

♦ изглед: средство без боја и мирис;
♦ pH (1%, 20 °C) -7,3;Течен сапун за професионална употреба.

Мерки на претпазливост:


повеќе

Destral® active

Destral® active е неутрално средство за дезинфекција на секаков вид површини. По дезинфекцијата, не е потребно плакнење.

Начин на употреба: Се распрскува средството на претходно исчистена површина.

Делување: бактерицидно, фунгицидно, туберкулоцидно, вируцидно, ги уништува следниве вируси: HIV, HBV, A/H1N1, HCV, MRSA. Не се апсорбира од површината. НЕ Е ПОТРЕБНО ПЛАКНЕЊЕ. Биоразградливо.

♦ изглед: бистра течност;
♦ pH (1% , 20°C) -7,02. Неутрално средство за дезинфекција.

Мерки на претпазливост:


повеќе

Septoforte® 30

Septoforte® 30 претставува концентрирано средство за чистење и дезинфекција на сите површини. Може да се користи со распрскување, рециркулација и потопување.

Разредување: За чистење и дезинфекција на површини се користи 2% раствор, се нанесува со сунѓер или крпа и се остава да стои 15 минути. Septoforte® 30 во доза од 2% е активен против следните бактерии: Staphylococcus aureus, Escherichia Coli, Pseudomonas aeruginosa и многу други грам позитивни и грам негативни бактерии, мувли и квасци; противвируси како HIV и HSV.

♦ изглед: бистра течност;
♦ pH (1% , 20°C) -7,8. Неутрално средство за дезинфекција.

Мерки на претпазливост:



повеќе

Deolit® Star

Deolit® Star се користи за чистење на врати, прозорци, ѕидови, работни маси,паркет, ламинат, плочки и слични површини. Арома на цреша, лаванда, јаболко.

Разредување: Се користи разреден во концентрации од 1:100 до1:200, се нанесува со влажна крпа и се остава да се исуши. Брзо се суши и има пријатна арома.

♦ изглед: бистра течност (со розева,зелена или сина боја) и со пријатна арома;
♦ pH (1%, 20 °C) -7,34. НЕ Е ПОТРЕБНО ПЛАКНЕЊЕ.

Мерки на претпазливост:

повеќе

Novoril® WC

Novoril® WC се користи за чистење на површини во тоалети, бањи и базени. Се користи на површини коишто се отпорни на киселини.

Разредување: На мали површини се користи концентриран, а за големи површини се користи разреден со вода во однос 1:25 до 1:50.

Начин на употреба: Се нанесува со сунѓер или четка, се остава да делува 5–10 минути и се плакне со вода.

♦ изглед:бистра розова течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,6. Кисело средство за чистење на површини и тоалети.

Мерки на претпазливост:



повеќе

Destral® Grill Extra

Destral® Grill Extra се користи за чистење на скари, рерни,т енџериња, тави и комори за пушење. Ги отстранува загорените тврдокорни нечистотии од масти.

Разредување: Се разредува од 1:20 до1:100 во топла вода.

Начин на употреба: Со распрскување се нанесува претходно приготвениот раствор на површината што се чисти. Се остава да делува неколку минути и се плакне темелно со топла вода.

♦ изглед: темно кафеава бистра течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -12,7. Базно средство за чистење на загорени масти.

Мерки на претпазливост:



повеќе

Destral® Des

Destral® Des се користи за чистење и дезинфекција на површини, опрема и подови во прехранбениот сектор.

Разредување: Се разредува од 1:50 до 1:1000 со топла вода.

Начин на употреба: Се користи со пеномат или слични апарати под притисок. Се нанесува пената, се остава да делува 15 минути и потоа темелно се плакне.

♦ изглед: бистра, жолтеникава течност, со мирис на хлор;
♦ pH (1% , 20 °C) -12,1. Базно средство за чистење и дезинфекција со хлор.

Мерки на претпазливост:



повеќе

Dinoval® Acid

Dinoval® Acid се користи за чистење на возила кои пренесуваат цемент и други градежни матријали. Ги отстранува минералните наслаги од водени пумпи, кули за ладење, базени, плочки и сл.

Разредување: Се разредува со вода од 1:1 до 1:3.

Начин на употреба: За тешки нечистотии се користи неразреден. Се нанесува средството и се остава да делува што подолго, но да не се исуши. На крај се плакне со вода сè додека не се создаде пена.
За редовно одржување концентрацијата треба да биде 10%.

♦ изглед: жолтеникава течност;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,3. Специјално кисело средство за чистење на бетон, ‘рѓа и минерални нечистотии.

Мерки на претпазливост:



повеќе

Novoril® LF

Novoril® LF е ефикасен детeргент за машинско перење на подови.

Разредување: Се разредува со вода од 1:50 до 1:200.

Начин на употреба: Се користи за брзо отстранување нанечистотии (масти и масла) со автоматски машини за чистење. Исто така, има антистатички ефект и после чистењето остава сјаен филм кој не се лизга.
Средството е со пријатна арома.

♦ изглед: бистра црвена течност со пријатна арома;
♦ pH (1%, 20 °C) -1,3. Специјално средство за машинско чистење на подови.

Мерки на претпазливост:

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk