Припрема на примероци и прочистување

Филтри, SPE, QUECHERS китови

Отстранете го ефектот на матриксот на примерокот за точни и прецизни анализи на компонентите од интерес

Производите на Agilent Technologies за прочистување на примероците можат да ви помогнат во постигнувањето на аналитичките цели. Со големиот избор на мембрански филтри со мембрани од различни материјали, цврсто-фазната екстракција со колони со различни стационарни фази, соодветни на примерокот од интерес, како и познатите QuEChERS китови за прочистување на примероците за апликации за анализа на храна, Agilent Technologies обезбедува сигурност и повторливост на резултатите, како и максимално прочистување дури и на најкомплексните примероци.

повеќе

Микробранови печки

Најмоќниот и најинтелигентниот систем за дигестија во светот

Доколку имате потреба од микробранова дигестија на примероци со ротор, Ethos UP од Milestone е вистинскиот избор за Вашата лабораторија. Инструментот вклучува преку 300 однапред дефинирани методи за дигестија, како и софтвер кој е лесен и едноставен за употреба.

Milestone UltraWAVE системот е резултат на еволутивниот развој на микробрановата дигестија којшто овозможува работа со уште поголеми притисоци и температури. Овој систем ја дава можноста за работа со различни примероци во еден ист циклус на дигестија со што лабораторијата штеди време и трошоци по анализа.

повеќе

Центрифуги

Мултифункционални центрифуги за секоја намена

Со големиот избор на ротори коишто програмaта на Hettich ги нуди за своите центрифуги, можете во целост да ги покриете потребите на Вашата лабораторија.

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk