Дезинфекција

Дезинфекција на раце и кожа

Брза и ефикасна дезинфекција на раце и кожа

Кожата и рацете се постојано изложени на контакт со различни микроорганизми. Со своето брзо дејство, производите за дезинфекција од Dr. Schumacher се ефикасни против најголемиот број бактерии (вклучувајќи ја и MRSA). Делуваат и против сите обвиени вируси, ротавирусите иноровирусите. Безбедни се за секојдневна употреба. Покрај дезинфекциската улога, средствата содржат и емолиенти за нега на кожата.

повеќе

Дезинфекција на површини

Одржете ја хигиената на највисоко ниво

 Dr. Schumacher во својата програма има производи за дезинфекција на површини кои се карактеризираат со средства за чистење и дезинфекција со брзо дејство. Секое од нив е направено компатибилно со различни материјали со што средствата наоѓаат примена во секоја област. Имаат бактерицидно (вклучувајќи ја и MRSA) и вируцидно (вклучувајќи ги аденовирусите, ротавирусите и норовирусите) дејство.



повеќе

Дезинфекција на инструменти

Отстранете ја контаминацијата на медицинските инструменти

Чистотата на медицинските инструменти е од особена важност за заштита од несакани инфекции. Дел од палетата на производи на Dr. Schumacher е специјално создаден за оваа намена. Средствата се формулирани за да можат да бидат компатибилни со различни материјали. Широкиот спектар на средства за оваа намена се одликува со вируцидно и антибактериско дејство. Дел од нив инактивираат вируси, а дел од нив се триензимски средства за отстранување на контаминација од протеини.

повеќе

Диспензери за на ѕид за дезинфектантите за раце

Алуминиумски диспанзер за на ѕид, со долга рачка и со пумпа од нерѓосувачки челик која може да се замени.

Лесно се отстранува без расклопување.

Диспензерот е погоден за шишиња за дозирање од 500 mL или 1 L. Количината на дозирање е 1,5 mL. Диспензерот AK 500/1000 PLUS е погоден за ставање во автоклав.

 

повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk