Лабораториски информациски систем FarmahemLIS

Лабораториски информациски систем FarmahemLIS

Фармахем ЛИС е локално решение коешто на нашите корисници им овозможува поедноставување на работниот процес, обезбедува сигурност на податоците, елиминација на грешки, но и лесно прилагодување на софтверот кон локалните регулативи (Мој Термин, ФЗОМ).

Функционалности на Фармахем ЛИС:

Подесувања
  • мерни единици;
  • основи на ослободување;
  • ФЗОМ лимити;
  • лаборанти и факсимили;
  • предефинирани забелешки;
  • лекари и установи (ажурирање со Мој Термин);
  • корисници на програмата и привилегиите (ДЗЛП регулатива);
  • групи и видови на анализи, нивно внесување и ажурирање;
  • референтни вредности (прецизно дефинирање по пол и возраст).
Основни операции
  • зачувување резервна копија на податоците (мануелно и автоматски);
  • враќање податоци од претходно снимената резервна копија;
  • архива на активностите на корисниците;
  • пребарување на пациенти и изменување на нивните податоци;
  • поврзување со надворешните апарати;
  • сообразност со Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП).
Прием на пациенти
  • aвтоматско преземање податоци преку Мој Термин;
  • пребарување за внес на „приватни“ пациенти;
  • ажурирање на податоци за пациент;
  • внесување нов приватен пациент;
  • внесување додатни приватни анализи.
ФЗОМ
  • ЛУ1 и ЛУ2 фактури;
  • генерирање тековни извештаи/пресметки.
Извештаи
  • дневен /периодичен извештај по анализи;
  • неделен/месечен извештај, групиран по недела/месец;
  • извештај за анализи по лекар/установа;
  • извештај за број на анализи по лекар/установа;
  • детален извештај за вредности на резултати по анализа;
  • месечни пресметки за ФЗОМ.
Главен екран за работа
  • филтрирање на податоците, флексибилни услови за пребарување;
  • додавање додатни анализи;
  • квитанција;
  • пресметка;
  • печатење код за преземање  резултати преку интернет;
  • пренос на податоци кон анализатори;
  • преземање  податоци од анализатори.
  • рачно модифицирање на резултати;
  • автоматско и мануелно означување на вредности кои се надвор од означени граници;
  • вчитување предефинирана забелешка;
  • печатење резултат;
  • поставување сервер преку енкриптирана конекција;
  • валидирање/реализација на упат;
  • поставување на Мој Термин;
  • [oпционално] известување на пациент по е-пошта;
  • евиденција по фирми (систематски прегледи).
Направени се интерфејси за следниве анализатори:
  • Biosystems BA200
  • Biosystems BA400
  • Biosystems A15
  • Biosystems A25
  • Sysmex KX21 N
  • Sysmex XP300
  • Sysmex XS1000
  • Kimased Auto 20/60
  • Tosoh AIA-360
  • Mindray BC5000
  • Mindray BC20S/BS30S
  • Mindray BS230
  • Mindray BS240 pro
  • Mindray BS120
  • Mindray BS200/200E

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk