Огласи за вработување

Административно-финансиски асистент во Секторот администрација

Важи до 15.09.2026

Сервисер за мерни инструменти за аналитички лаборатории

Важи до 15.09.2026

Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од:

Административно-финансиски асистент во Секторот администрација

Барања за позицијатa:

  • Основни познавања на канцелариско/административно, материјално и финансиско работење (предност: средно економско училиште или искуство во областа);
  • Одлично познавање Microsoft Office;
  • Одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување);
  • Сестрана личност, прилагодлива на нови и различни задачи;
  • Добри комуникациски вештини, тимска работа, етичност, висока мотивираност и желба за учење;
  • Писменост и културно однесување независно од завршеното образование;
  • Поседување Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

Технички/a секретар/-ка би ги извршувал/-а следниве работни задачи: прием и комуникација со странки, проверка на излезни фактури, скенирање и архивирање на истите, подготвување приеми на роба од домашни и странски добавувачи во отсуство на материјален сметководител , активно користење на фискален апарат, издавање фискални сметки и печатење дневен извештај за фискалните сметки, изработка на сервисни фактури за сервис на медицинска опрема и инструменти, комуникација со клиенти, навремено проследување информации до одговорните вработени, техничка асистенција за координација на активностите меѓу секторите, нарачки на општи канцелариски работи, асистирање при организација на различни настани, скенирање, копирање и поддршка за останатите административни задачи, повремено асистирање по потреба во материјално и финансиско работење. 

Нудиме:

  • Атрактивна и динамична работа;
  • Можност за постојано учење и надградба на професионален план;
  • Одлични услови за работа во нов и модерно уреден објект od 2100 m2;
  • Работа во општествено одговорна компанија која секогаш се грижи за вработените;
  • Можност за напредување во кариерата. 

Позицијата е со седиште во Скопје на ул. „Шар Планина“ бр. 20, индустриска зона на Ѓорче Петров (препорака местото на живеење да е што поблиску).

Работно време од 08:00–16:00 ч. (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.



.......................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk