OOП проект 2017

 

Проект:  Заедно созадаваме подобар свет

 

Цел:

  1. Да се зајакне и подигне свеста на граѓаните за важноста на извидниците, обновување и заживување на извидничките одреди на ниво на цела Македонија преку промовирање на извидништвото и важноста на поминување повеќе време во природа;
  2. Кај извидниците да се зголемат капацитетите на извидничкото неформално образование преку развивање на научно-истражувачки дух. Знаењата коишто би ги стекнале од едукативните посети на Лабораторијата за животна средина на Фармахем, извидниците ќе може потоа да ги применат при игри, натпревари, кампувања, зимување, летување, ориентација, планинарење и за разни други истражувања во природа;
  3. Да иницираме размислување кај вработените да и своите деца ги вклучат во ивидничките одреди со што ќе го потпомогнеме ова благородно движење  во Македонија.

 

Активности:

  

  • Креирање на специјална вештина кое ќе се вика „Научник Извидник“ под покровителство на Фармахем;
  • Едукативни посети на групи извидници во лабараториите на Фармахем;
  • Вметнување и објаснување на вештината „Научник Извидник“ во Прирачникот за сите вештарства; 
  • Соработка во формирањето нови извиднички одреди;
  • Промоција на извидништвото кај вработените, соработниците и партнерите на Фармахем;
  • Менторирање и други форми на соработка како прегледување на едукативни и други материјали на извидниците и др.

 

Резултати: 

 

До сега се реализирани три посети на извиднички одреди на Фармахем и тоа на: 05.04.2017, 20.04.2017 и  23.08.2017. Времетраење на посетите е еден час. Вкупно 55 извидници на возраст од 12 до 15 години, во просек по 15 извидници по посета, се запознале со опремата и експериментите во Лабораторијата за животна средина на Фармахем и се здобиле со вештината Извидник Научник.

 

Партнерството меѓу Фармахем и Зојузот на извидниците на РМ претставува долгорочен проект кој ќе се развива, надградува и ќе се менува зависно од можностите и потребите на извидниците и Фармахем. Планирани се една до две посети на извидници месечно во зависност од динамиката на тековната работа во Лабораторијата за животна средина на Фармахем и постепено проширување на соработката и во други сегменти.

 

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем