Лабораториска опрема


  • Хематолошки анализатор KX-21N (SYSMEX),
  • Биохемиски анализатор А25 (BioSystems),
  • ELISA (DiaMed EuroGen),
  • Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche),
  • Инструмент за хемостаза DIAChek-C1-DIALAB.

Хематолошки анализатор SYSMEX KX-21N


 

Sysmex KX-21N е автоматски хематолошки анализатор кој одредува 19 параметри и дава 3 хистограми (за WBC, RBC и PLT). Користи многу мали количини од примерокот. Анализира полна крв и капиларни (педијатриски) примероци. Изработува 60 примероци на час.


TOSOH AIA-360


Tosoh AIA-360 е потполно автоматизиран ензиматски имуноанализатор. Неговиот реален капацитет (брзина на изведување на анализите) е 36 тестови/ час со континуиран капацитет на отчитување.

Со него се изработуваат тироидни хормони, женски полови хормони, туморски маркери итн. 


Биохемиски анализатор А25 (BioSystems)


А25 е автоматски биохемиски анализатор специјално дизајниран за изведување на биохемиски клинички анализи. Анализаторот може да работи со пет типови на примерок: серум, урина, плазма, цереброспинална течност и супернатант. Малата количина на примерок за анализа и можноста за изработка на 240 анализи за еден час го прави А25 анализаторот погоден за секоја лабораторија.


Биохемиски анализатор Mindray 200-BS


MINDRAY 200-BS е биохемиски анализатор за in vitro дијагностика. Примероци кои може да се анализираат на овој биохемиски анализатор се: серум, урина, плазма и цереброспинална течност. Количината на примерок потребна за анализа  е 3-45 µL, а може да изработува до 200 анализи за еден час.

Работната температура на анализаторот е 370С.


ELISA (DiaMed EuroGen)


ELISA (Enzyme-Linked ImmunoSorbent Assay) е биохемиска техника што најчесто се користи во имунологијата за откривање на антитела или антигени во испитуваниот примерок. Тоа е многу прецизна, квантитативна техника со која се овозможува едноставно мерење и лесна интерпретација на резултатите.


Електролитен анализатор Roche 9180 (Roche)


Roche 9180 Електролитниот анализатор овозможува мерење на електролитите во полна крв, серум, плазма и урина. Користи мали количини од примерокот за анализа, а резултатот се добива за многу кратко време.


DIAChek-C1 (DIALAB)


DIAcheck C1 e едноканален оптички коагулометар кој ги одредува основните параметрина втората фаза од хемостазата (од коагулационата каскада) во хумана цитратна плазма. Дизајниран е за in vitro во дијагностички лаборатории.