Мисија, визија и клучни вредности на ФАРМАХЕМ

 

МИСИЈА

 

Нашата мисија е да бидеме суштински дел од секоја модерна лабораторија во клиничкиот и индустрискиот сектор, застапувајќи ја најсофистицираната лабораториска опрема, реагенси и потрошен лабораториски материјал, дезинфектанти, хемикалии, микробиолошки подлоги, адитиви во прехранбената индустрија, како и комплетна поддршка за одржување, сервис и апликативна поддршка преку високо квалификуван и обучен кадар. Воедно, да се стремиме да бидеме прв избор и на корисниците на услуги од областа на еколошкиот консалтинг во рамки на кој имаме и акредитирана лабораторија за мерења во животната средина.

 

Нашата мисија ја остваруваме така што нудиме врвен квалитет со најдобрите цени и најдобра пост-продажна поддршка преку:

 

  • Високо квалификувани и обучени вработени;
  • 24 часовна поддршка за одржување и сервис;
  • Оптимални залихи;
  • Добро организирана, навремена достава;
  • Над дваесетгодишно работно искуство;
  • Имплементација на ISO 9001:2008;
  • Меѓународно присуство.

 

Потребите на купувачите се нашата примарна цел и во тој правец секојдневно се подобруваме да ги задоволиме сите нивни барања.

 

ВИЗИЈА

 

Фармахем има визија да биде приоритетен избор на купувачите и корисниците на услуги од областа на трговијата со медицинска опрема и инструменти и еколошкиот консалтинг.

 

Од 1990 година успешно постоиме фокусирани на купувачите и водени од потребите на пазарот бидејќи само со длабок увид во потребите на пазарот и водени од барањата на купувачите, нашата визија ќе биде остварлива и во иднина.  

 

ВРЕДНОСТИ

Нашите клучни вредности во работењето се: 

 

  • Делуваме со интегритет; 
  • Насочени сме кон обезбедување на вистински вредности кон нашите клиенти;
  • Гарантираме квалитетна и навремена услуга;     
  • Фокусирани сме на задоволни купувачи и корисници на услуги;  
  • Ги следиме промените во општеството;
  • Насочени сме кон перманентeн развој;
  • Посветени сме кон основните принципи за заштита и унапредување на животната средина;
  • Обезбедуваме сервис за сите наши производи;
  • Континуирано го подобруваме системот за управување со квалитет;
  • Постапуваме согласно политиката за квалитет во сите сфери на работење;
  • Ние сме општествено одговорна компанија.

 

СО ТИМСКА РАБОТА ЈА ОСТВАРУВАМЕ НАШАТА ЗЕДНИЧКА ВИЗИЈА И МИСИЈА !