Калибрација на системи за мерење на сила во мерен опсег 6-3000 kN

Како ексклузивен дистрибутер на производите од реномираниот светски производител CONTROLS Srl од Италија, ФАРМАХЕМ има oпремено голем број лаборатории за испитување на бетон, цемент, агрегати и геомеханика на почви. Корисници на опремата се речиси сите поголеми градежни компании во Р. Македонија, но и некои акредитирани лаборатории за таков тип на испитувања, кои како надзор или како изведувачи се директно или индиректно вклучени во градбата на нова патна инфраструктура и реконструкција на старата патна инфраструктура, како и во сите други видови градби.

Компанијата на 6.11.2014 г.  го доби Сертификатот за акредитација со бр. ЛК-009 издаден од Институтот за акредитација на Р. Македонија. Со тоа, компанијата го прошири спектарот на услуги кон своите клиенти со високо професионална  калибрација на системи за мерење на сила по методите EN ISO 7500-1:2009 и EN ISO 12390-4:2009.

Поседуваме референтните мерни ќелии калибрирани во акредитирани лаборатории за калибрација (во согласност со ISO/IEC 17025:2006 во земји-потписнички на MLA/MRA) со следливост до Националното биро за метрологија.

 

Контакт:

Данијел Ребац - раководител на подсектор за мерни инструменти и опрема

Тел.: +(389 2) 20 33 843, е-пошта: danijel@farmahem.com.mk