Национална награда за ООП за 2010 година

 

Проект: „Транспарентност во работењето на менаџментот и вклучување на вработените во донесувањето на одлуки во компанијата”

 

Цел:

Обезбедување на транспарентно работење на Фармахем преку целосна десиминација на информации од страна на менаџментот до вработените и почитување на мислењето и потребите на вработените при носење на одлуки.   


Активности:

Во текот на 2010 година, беа реализирани следните активности: испратени повеќе од 800 електронски пораки, направени околу 24 секторски состаноци, 50 неделни состаноци и една годишна завршна презентација за постигнатите успеси на компанијата.


Резултати:

Зголемена меѓусебна доверба и мотивација на вработените и зголемена транспарентност на компанијата кон вработените и клиентите, како и зголемен профит на компанијата.

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем