Благодарница за ООП за 2011 година

 

Проект: „Користење природни бои во кондиторските производи кои ги конзумира младата популација”

 

Цел: Уште пред донесување на директивата за штетните бои во храната, Фармахем започна на делува на своите купувачи преку едукација и подигнување на свеста на производителите на кондитроски производи, храна и пијалаци во Македонија за исфрлување од употреба на синтетски добиените азо-бои и примена на природните бои или  храна што бои” (концентирати од зеленчук, овошје, зачини) во своите производи.


 Активности: Стручниот тим на Фармахем организираше посети на коишто беа остварени повеќе едукативни состаноци со презентации за природните бои или храна што бои”, на кои исто така беше дискутирано и за важноста на употребата на природните бои, односно штетните ефекти на синтетски добиените бои (азо-бои) во кондиторските производи. Состаноците беа одржани пред раководниот кадар и стручните лица од фирмите производители на храна и пијалаци во Р. Македонија. Покрај стручниот тим на Фармахем беше обезбеден и предавач од реномираната данска компанија Chr. HANSEN–производител на природни бои.

 

Резултати: Оваа акција има многукратно позитивно влијание врз општетсвото преку создавање на здрава популација и промоција на предностите од здравата храна. Ова најмногу се однесува на децата бидејќи тие најмногу конзумираат слатки. 

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем