Награда за ООП за 2008 година

 

Проект: „Обука на вработените во Дирекција за храна и други заинтересирани страни за HACCP”

 

Цел: Трансфер на знаење за мониторинг на квалитетот на храна што е достапна за потрошувачите и придонес кон обезбедување на здрава популација во Македонија преку обезбедување на храна безбедна за човековото здравје.

 

Активности: Обука на инспектори од Дирекцијата за храна, менаџери и претставници на главните супермаркети и ресторани и други заинтересирани страни за HACCP.

 

Резултати: Спроведена обука на вработените во Дирекција за храна и другите заинтересирани страни и подигната свест за важноста на мониторинг на храна според системот HACCP заради обезбедување на храна безбедна за човековото здравје.

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем