Лабораторија за калибрации на мерила за релативна влажност, тепература и маса

Согласно своите развојни програми на полето на метеорологијатa, „Фармахем Сервис” спроведе повеќе активности, воведување на ISO/IEC 17025:2005 стандард, набавка на опрема за калибрации и Авторизација на Лабораторијата за  калибрации од страна на Германската фирма Testo Industrual service. 

Со воведувањето на ISO стандардот го направивме првиот чекор и ја добивме потребната документација и процедури кои ги наложува стандардот, а кои се потребни за споведување на Акредитацијата која ја добивме во јуни 2009 год. Со Авторизацијата од страна на Testo Industrual service ги добивме сите потребни методи со кои работи една акредитирана DKD* лабораторија и со тоа станавме партнер на Testo Industrial Service.

 „Фармахем Сервис” Лабораторија за калибрации може да врши калибрација на:

  • термометри,
  • инструменти за релативна влажност,
  • климатски комори,
  • водени бањи и
  • ваги.

 

Лабораторијата за калибрации е акредитирана во јуни 2009 од Институтот за акредитација на Република Македонија.

 

*DKD - Deutscher Kalibrierdienst, Здружение на акредитирани лаборатории на Германија

 

Калибрација на мерила за релативна влажност

  • Калибрации на инструменти за релативна влажност од 10% до 90% RH
  • Калибрации на климатски комори од  10% до 90% RH (до 500C)  

Калибрација на мерила за температура

  • Калибрација на аналогни и дигитални термометри од -20 0C до +660 0C,
  • Калибрација на инфрацрвени термометри од -20 0C до +80 0C и
  • Калибрација на температурни комори (инкубатори, печки за жарење, сушари, стерилизатори) и водени бањи од -20 0C до +1000 0C.

 Калибрација на мерила за маса

,,Фармахем Сервис“ врши калибрација на аналитички, прецизни, технички ваги и халогени влагомери до 40 kg.

 

Лабораторијата за калибрации користи своја база на податоци во која сите регистрирани корисници имаат пристап до своите инструменти и сертификатите од калибрацијата.

 

Контакт:

  • дипл. ел. инж. Зоран Ѓуровски, раководител на Фармахем Сервис

       е-пошта: zoran.gjurovski@farmahem.com.mk

 

  • дипл. инж. физ. Ирина Ѓуровска, раководител на лабораторија за калибрации на мерила за влажност, температура и маса

       е-пошта: irina.gjurovska@farmahem.com.mk

 

  • Драган Ѓуровски, дипл. ел. инж. - стручен соработник во Лабораторија за калибрации

       е-пошта: dragan.gjurovski@farmahem.com.mk