ФАРМАХЕМ - ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА


 

 

Следејќи ги новите европски трендови во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и согледувајќи ја потребата од континуирано и реално следење на состојбата со животната средина во Репубика Македонија, а сè со цел Република Македонија да се приближи до европските стандарди во областа за животната средина до 2014 година, Фармахем ја основа Лабораторијата за животна средина во почетокот на 2008 година.

Во 2010 година Фармахем Лабораторијата за животна средина се стекна со Сертификат за акредитација согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 за 22 параметри за тестирање во областа на животната средина, тестирање на безбедност и здравје при работа, земање на примероци вода и тестирање на вода.

 

Што претставува МКС EN ISO/IEC 17025 ?

 

МКС EN ISO/IEC 17025 претставува стандард со кој работат лабораториите кои вршат тестирање и калибрации. Стандардот обезбедува квалитет на услуга кон клиентот и квалитет на услуга во однос на извршеното тестирање.

 

Зошто е важно да се извршат тестирањата во лаборатории акредитани по стандард МКС EN ISO/IEC 17025?

 

  • Законската регулатива која ја регулира областа на животна средина ги задолжува инсталациите да тестирањата се вршат во лабораториите акредитирани по МКС EN ISO/IEC 17025;
  • Стручните соработници во лабораторија се компетентни лица кои подлежат на постoјана обука, контрола и оценување;
  • Лабораторијата користи високософистицирани технички средства кои се калибрираат исклучиво во акредитирани калибрациони лаборатории;
  • Лабораторијата обезбедува следливост на тестирањата преку користење на сертифицирани референтни материјали со кои се врши проверка на техничките средства;
  • Лабораторијата учествува во потврдување на компетентноста преку учество на PT шеми огранизинани од страна на лаборатории акредитирани по ISO/IEC 17043:2010 и во меѓулабораториски споредби со други лаборатории акредитирани по МКС EN ISO/IEC 17025;
  • Резултатите од тестирањата се придружени со мерна неодреденост на тестирањето што е особено важно за резултати кои се наоѓаат околу граничната вредност пропишана во законската регулатива.

Лабораторијата за животна средина на ,,Фармахем” - Скопје располага со опрема за анализа и тестирање на примероци на терен и во лабораторија.

Фармахем Лабораторија за животна средина овозможува услуги кои се однесуваат на тестирање на мерни параметри во  работна и животна средина.

 


Животна средина:


  1. Анализа на вода и почва;
  2. Тестирање на штетни материи при емисија од стационарни извори во воздух;
  3. Тестирање на квалитет на амбиентален воздух;
  4. Тестирање на бучава;
  5. Тестирање на јонизирачно гама зрачење.

 


Работна средина:


  1. Тестирање на физички штетности;
  2. Тестирање на хемиски штетности.

 

Трајната определба – клучот за успехот на ФАРМАХЕМ ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА се темели  врз следниве принципи / начела: 

 

  • Посветеност на заштита на животната средина, природата и работната средина; 
  • Континуирана примена и спроведување на барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006, како и постојано подобрување на системот за управување со квалитет;
  • Тимот на Фармахем Лабораторија за животна средина се запознава со документацијата за квалитет и со спроведувањето на политиките и процедурите во неговата работа;
  • Тимот на Фармахем Лабораторија за животна средина покажува висока професионалност и квалитет при исполнување на услугите кон своите клиенти;
  • Квалитетот на услугите се темели врз високата стручност на персоналот, од методите кои се применуваат и опремата за тестирање и земање на примероци која ги задоволува барањата на високите меѓународни стандарди;
  • Континуирано усовршување и надградба на знаењата на тимот, опременост со соодветна опрема за тестирање и учество во меѓулабораториски споредби за испитување на соодветност;         
  • Стремеж кон постојано воведување на нови методи за тестирање и земање на примероци;      
  • Навремено, целосно и професионално исполнување на нашите обврски со цел да се подобри квалитетот на услугата, роковите и поддршката на клиентите за зголемување на задоволството и довербата;         
  • Задоволување на барањата на сите инволвирани страни во работењето: вработените во Фармахем Лабораторија за животна средина, раководството на компанијата, клиентите и општествени чинители;   
  • Политиката за квалитет на Фармахем Лабораторија за животна средина е достапна за сите вработени и  клиентите.