Меѓународни и локални проекти


Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Општина Центар

Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води  за потребите на Инспекторатот за животна средина на Општина Центар, проект финансиран од Општина Центар, 2011-

 

 

Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Општина Велес

Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води  за потребите на Инспекторатот за животна средина на Општина Велес, проект финансиран од Општина Велес, 2009 – 2011.

 

Проект: Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води за Град Скопје

Мерење на бучава во животна средина, квалитет на воздух и испитување на води  за потребите на Инспекторатот за животна средина на Град Скопје, проект финансиран од Град Скопје, 2008 – 2010.

 

Проект: Изработка на техничка документација за проширување на сообраќајница Илинденска, Скопје

Мерење на имисија на PM10 прашина во амбиентен воздух и бучава од патен сообраќај на сообраќајницата Илинденска, проект финансиран од Град Скопје, 2010.

 

Проект: Изработка на техничка документација за проширување на сообраќајница Лука Геров и приклучок на обиколница Скопје

Мерење на имисија на PM10 прашина во амбиентен воздух и бучава од патен сообраќај на сообраќајницата Лука Геров, проект финансиран од Општина Ѓорче Петров, 2010.

 

Проект: Аерозагадување на Приштина

Земање на примероци од PM10 прашина во амбиентен воздух, хемиска анализа на тешки метали во примероците и изработка на Извештај од добиените податоци за аерозагадување во Приштина, проект финансиран од Министерство  за животна средина на Косово, а реализиран во соработка со Хидрометеоролошки завод, Приштина, 2009 година.

 

Проект: Индустриски парк Митровица, Косово

Мерење на имисија на PM10 и PM2.5 прашина, земање и анализа на примероци од почва, вода и седимент, растителни и животински примероци, тестирање на јонизирачко зрачење во рамките на проектот „Оценка на влијание врз животната средина и акционен план за ремедијација на Индустрискиот парк Митовица", финансиран од UNDP Братислава, а реализиран во соработка со Dekonta од Чешка, 2009.

 

Проект: Old environmental burdens in chemical plant Ohis, Skopje

Мерења на имисија на PM10 и PM2.5 прашина, земање на примероци од подземна вода и почва и определување на основни физичко-хемиски параметри, проект финансиран од "ОДА" програма на Владата на Р.Чешка, а реализиран во соработка со Dekonta и Еnakon од Чешка, 2007- 2009.

 

Проект:Квалитет на површински води Вардар, Треска и Каменичка река

Физичко-хемиска и микробиолошки анализа како и одредување на биолошки статус на трите реки во Македонија (Вардар,Треска и Каменичка река. Проект финансиран од "Balkan Trust for Democracy", а реализиран во соработка со ДЕМ, 2008.