Награда за бизнис и човековите права

Во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од НВО Конект и Бизнис Конфедерација на РСМ, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права, Фармахем се здоби со уште едно признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.

Ова признание е многу значајно бидејќи потврдува дека Фармахем е компанија којашто е посветена на заштита и унапредувањето на човековите права. Почитувањето на човековите права е инкорпорирано во сите наши деловни пракси и политики и во сосогласност со Водечките принципи на Обединетите нации за бизнис и човекови права (ВПОН). ВПОН се инструмент кој се состои од 31 принцип кој ја поставува  рамката на ОН за заштита, почитување и правни лекови за човековите права поврзана со деловното работење. Тие се глобален стандард за спречување и справување со ризикот од негативни влијанија врз човековите права поврзани со бизнисот и насока за подобрување на стандардите и праксата на бизнисот и човековите права. 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk