ЗА НАС

 

Фармахем е приватна компанија со над дваесетгодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг.

 

Во рамките на компанијата функционираат три сектори за промет:

 

  • Сектор за Дијагностика и лекови,
  • Сектор за Инструменти и опрема и
  • Сектор за Реагенси и адитиви.

Освен секторите за промет, Фармахем нуди и комплетни консултантски услуги од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина преку Секторот за еколошки консалтинг во чии рамки функционира Лабораторијата за животна средина.

 

Фармахем располага со Фармахем Сервис кој обезбедува постпродажна поддршка преку инсталација, обуки за корисници, поправка и одржување на инструментите и апаратите.  

 

Фармахем Сервис поседува Лабораторија за калибрации која е акредитирана од страна на Институтот за Акредитација на РМ за калибрација на температура и влага.

 

Понатаму, во 1997 година Фармахем ја формира првата специјалистичка дијагностичка лабораторија Фармахем Дијагностика. Денеска постојат две дијагностички лаборатории во Скопје, во населбите Ѓорче Петров и Аеродром, опремени со најсовремена опрема и во кои се вршат бројни анализи на крв, урина и др.

 

КВАЛИТЕТОТ ПРЕД СÉ !