Фармахем Сервис


"Фармахем", уште од првите години од постоење на фирмата, почна да работи на формирањето на својата сервисна служба. Со развојот на "Фармахем" и продажбата на најсовремени инструменти, сé повеќе се прошируваше сервисот како во бројот на стручни лица - сервисери, така и во просторот и потребната опрема.

Сервисот на "Фармахем" е посебна фирма со име "Фармахем Сервис". Сервисните книги, прирачниците и упатствата, како и знаењето стекнато за време на повеќемесечната обука, се најголемото богатство на нашиот сервис.

 

Во состав на сервисот е отворена Лабораторија за калибрација за мерила на температура, релативна влажност и маса, во која се вршат калибрации на најразлични видови на термометри, влагомери, комори, сушари, ваги и сл. Лабораторијата за калибрации е акредитирана во јуни 2009 од Институтот за акредитација на Република Македонија.

 

"Фармахем Сервис" со одржувањето и сервисирањето на инструментите кои се продадени од "Фармахем" продолжува со грижата за корисниците. Овластените сервисери се грижат за постојано функционирање и во најкраток рок отстранување на проблемот во два сектори на сервисот: