Фармахем Сервис

 

ФАРМАХЕМ, уште од првите години од постоење на фирмата, почна да работи на формирањето на својата сервисна служба. Со развојот на Фармахем и продажбата на најсовремени инструменти, се повеќе се прошируваше сервисот како во бројот на стручни лица-сервисери, така и во просторот и потребната опрема.

Сервисот на Фармахем е посебна фирма со име „Фармахем Сервис". Сервисните книги, прирачниците и упатствата како и знаењето стекнато за време на повеќемесечната обука се најголемото богатство на нашиот сервис.

Фармахем Сервис врши обука на корисниците за новите инструменти како и нивно редовно сервисирање во текот на работата. Овластените сервисери се грижат за постојано функционирање на инструментите и во најкраток рок отстранување на проблемот. Сервисот има два сектори:

  • Сектор за сервисирање на преносни и лабораториски инструменти за индустрија и медицина
  • Сектор за сервисирање на стационарни инструменти во медицината


Во состав на сервисот е отворена лабораторија за калибрација за мерила на температура и релативна влажност и ваги, во која се вршат калибрации на најразлични видови на термометри, влагомери, комори, сушари и ваги.

Лабораторијата за калибрации е акредитирана во јуни 2009 од Институтот за акредитација на Република Македонија.