Награда за ООП за 2011 година

Награден Проект на ФАРМАХЕМ:

„Поттикнување на здрав начин на живот и љубов кон природата – по стапките на Жане”

 

Цел: Промовирање на здрав начин на живот, здрави животни навики и подигне свеста за значењето на природата и животната средина кај вработените, како остварување на човековото право на највисок можен стандард на физичко и ментално здравје, како едно од Насочувачките принципи на ОН за бизнисот и човековите права.

 

Активности: Во сеќавање на нашата почината колешка Снежана Лакс, која беше активна планинарка долги години, Фармахем создаде традиција на организирање на планинарски излети под наслов ПО СТАПКИТЕ НА ЖАНЕ”.  Покрај рекреативниот карактер, овие планинарски тури имаа и едукативен карактер за вработените преку презентација на природните вредности на заштитените подрачја, карактеристиките на биодиверзитетот и геодиверзитетот .


Покрај планинарските тури, во насока на поттикнувањето на здравиот начин на живеење, во текот на 2011-та година, беа продолжени активностите кои беа започнати во претходните години:

  1. Редовно спортување еднаш неделно во изнајмена сала,  
  2. Учество на Скопски Маратон: За поттикнување на натпреварувачкиот дух, за најуспешните вработени во машка и женска конкуренција, Фармахем додели разни награди.


Резултати:

  • Подигната свест и зголемен интерес кај вработените за здрав начин на живот и “живот во склад со природата”;
  • Подигната свест кај вработените за благодетите на природните богатства и потребата од нивното зачувување;
  • Подобрени резултати во работењето и зголемен профит за компанијата.

 

Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем