Проект на Фармахем за ООП 2019

Име на проект: БИДИ ЗДРАВ, БИДИ ВРЕДЕН!

Фармахем ја гледа својата успешност како нешто пошироко и што не се бара единствено на искачувањето на скалилатa на профитабилноста.

Имено, имајќи ги инкорпорирано концептите за општествено одговорно и одржливо управување, Фармахем од самите почетоци својата успешност ја гледа и во вклучувањето на социјалната заедница, грижата за животната средина, вложувањето во вработените, етичко управување бидејќи сите тие за нас се критериуми без кои што воопшто и не може да се оценува успехот и работата на една компанија.

Секоја година настојуваме да направиме чекор напред и да воведеме уште некоја добра пракса за вработените и често тие самите излегуваат со предлози и иницијативи. Минатата година менаџментот донесе одлука за дополнително приватно здравствено осигурување за сите вработени во Фармахем подолго од 6 месеци и се покрена иницијатива за доделување на наградата „Работник на годината“ која за прв пат е доделена во мај 2019 година и сакаме да прерасене во традиција. Дополнително, спортските активности во насока на промоција на здрави навики и здрав живот се континуирано поддржани од менаџментот.

Нашиот мотив е да дадеме пример на останатите мали и средни претпријатија во Македонија дека концептот за доброто корпоративно и  одговорно управување e предуслов за привлекување на инвестиции што се карактеризира со конкурентски ориентирани компании и ефикасни финансиски пазари, а сѐ со цел побрз и одржлив раст и градење на едно стабилно и успешно општество.

Доброто корпоративно управување се базира на принципиелност, чесност, транспарентност, работливост, етичност, самоиницијативност и ние како компанија ги вреднуваме и промовираме овие вредности.

Поради нашата континуирана заложба за општествено одоворно управување минатата година добивме престижно признание „Предводници во Целите за одржлив развој – SDGs“. 

Преку грижата за вработените сакаме да постигнеме подобри перформанси, поголема мотивација, но и зголемена лојалност, тимска соработка и задоволство на вработените.

Крајната цел е градење долгорочни реалции со вработените базирани на взаемна доверба и чувство на припадност при тоа имајќи ја предвид пошироката слика и грижата за другите и за заедницата. 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk