Систем за управување со ISO 9001:2008

 


ФАРМАХЕМ од 2003 година поседува систем за управување со квалитет според стандардот ISO 9001:2008 од фирмата Quality Austria.

 

Во февруари 2012 год. успешно беше спроведена редовна ресертификација.

 

Сите набавки и испораки се вршат спрема процедурите и постапките пропишани со ISO стандардот.

 

Политика за квалитет на ФАРМАХЕМ


Трајната определба – клучот за успехот на ФАРМАХЕМ се темели  врз следниве принципи – начела: 


  • Широк асортиман на производи и услуги со цел задоволување на строгите барања на пазарот - купувачите;
  • Посветеност на заштита на животната средина и општествената одговорност;
  • Почитување на човековите права и слободи и не вршење дискриминација по ниеден основ (пол, возраст, раса, вероисповест, националност, етничка припадност и др.);                                                                                                  
  • Стремеж кон постојана надградба, усовршување и воведување новини во работењето врз основа на ефикасни деловни процеси, добро дефинирани мерни параметри, употреба на најдобри искуства и истражувања/ анкети спроведени меѓу купувачите;                                                                                                     
  • Континуирано подобрување на условите за работа, мотивирање и подигнување на свеста за тимска работа;                                                                                  
  • Задоволување на барањата на сите инволвирани страни во работењето: вработените, купувачите, сопствениците и раководството на компанијата;    
  • Градење заеднички профитабилен однос со купувачи на долги патеки како преку разбирање за нивните барања и потреби така и за барањата и потребите на нивните клиенти;
  • Развивање на партнерски односи со добавувачите кои се бараат според нивната способност редовно да ги исполнуваат утврдените барања во однос на Системот за управување со квалитет;       
  • Долгорочна соработка со светски реномирани фирми;
  • Креирање и обезбедување на препознатлив имиџ кој ќе обезбеди профит, ликвидност и социјален статус на вработените;
  • Исполнување на нашите обврски кон купувачите кои се однесуваат на квалитетот, цената, роковите на испорака и 24 часовна постпродажната поддршка за одржување и сервис и апликативна поддршка преку високо квалификуван и обучен кадар;  
  • Постојано подобрување на квалитетот на производите и услугите согласно барањата на купувачите и со цел зголемување на задоволството, лојалноста и довребата кај купувачите;                     
  • Примена и спроведување на пропишаните законски барања, стандарди, регулативи и други акти;
  • Постојано унапредување на економската логика на работењето (поголем профит со помали трошоци);
  • Политиката за квалитет на Фармахем е достапна за сите вработени и на јавноста.       

 

ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ !

 

Лице одговорно за управување со квалитет:

Александра Петровска-Горин