ЗА ФАРМАХЕМ


 

Фармахем е приватна компанија за промет и консалтинг основана во октомври 1990 од д-р Јосиф Таневски. Фармахем е официјален застапник и дистрибутер на повеќе од 20 светски познати компании. Главни дејности на фирмата се промет и еколошки консалтинг.

 

Одделот за промет го сочинуваат 3 сектори:

  • Сектор Инструменти и опрема,
  • Сектор Дијагностика и лекови и
  • Сектор Адитиви и реагенси.

 

Одделот за еколошки консалтинг нуди кокмплетни консултантски услуги од областа на заштита и унапредување на животната средина, а со оформувањето на Лабораторијата за животна средина во почетокот на 2008 година, заокружен е процесот во понудата на комплетни услуги.

 

Фармахем поседува две дијагностички биохемиски лаборатории, првата основана 1997 во населбата Ѓорче Петров, а втората 2006 година во населбата Аеродром. Лабораториите се најсовремено опремени и нудат широк спектар на анализи на крв, урина и др.  

 

Посебен дел на Фармахем е Лабораторијата за калибрации и сервисот за одржување и поправка на инструментите и опремата што ја нудиме.

 

Тимот на Фармахем го сочинуваат 36 обучени вработени од кои 31 со високо образование, кои постојано им излегуваат во пресрет на барањата на клиентите и потрошувачите.

 

Повеќегодишното искуство на фирмата, досегашните успеси комбинирани со стручноста и искуството на вработените придонесоа до успешно воведување на стандардот за квалитет ISO 9001:2008, освојување на првото место за општествена одговорност (CSR) за мали и средни претпријатија за 2007, 2008, 2009 и 2010 година како и плакета за најголемо достигнување во популаризирањето на грижата за заштита на животната средина и природата, доделена од страна на Градот Скопје.

 

Големиот број на признанија што ги има добиено Фармахем како и позитивните оценки што ги имаат добиено нашите проекти го оправдуваат епитетот „Фармахем - една од водечките фирми во областа на трговијата со лабораториска опрема и инструменти и еколошки консалтинг во Mакедонија”.

 

                                   ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ,

                                                         ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ И

                                                                           ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА !