Признание од меѓународното IAESTE

 

Фармахем е добитник на престижното признание „Employer award“ од меѓународното IAESTE за континуирана поддршка на IAESTE повеќе од 20 години. Тоа беше доделено на прославата по повод 70 години од основањето на IAESTE, одбележана во Берлин, во јануари 2018 година, во присуство на над 300 делегати од 80 земји.  Добитници на вакво признание се уште десетина работодавачи од oстанатите земји членки на IAESTE. Номинацијата за наградата „Employer award“ беше поднесена од IAESTE Македонија.