Agilent Technologies     UV - Vis - NIR спектроскопија

Молекулската спектроскопија не може да се замисли без докажаните инструменти на Agilent Technologies кои наоѓаат примена во фармацевтската индустрија, хемиската индустрија, тестирањето на материјали, академските истражувања или развојните истражувања. Базирани на водечката технологија која се наоѓа во Cary брендот, Agilent нуди широк опсег на решенија од рутински анализи до истражувања.

 

UV-Vis-NIR

Со докажан квалитет во дизајнот на оптиката, инструментите од оваа група поседуваат неспоредливи перформанси и можат да најдат примена во голем број на апликации. Сите инструменти даваат неверојатна резолуција и неспоредлива линеарност.

Cary 5000

Cary 5000 е UV-Vis-NIR спектрофотометар кој се одликува со врвни перформанси и одлична фотометриска способност во опсег од 175 до 3300 nm. Контролиран од Cary UVWin софтверот, овој инструмент наоѓа примена во областа на испитување на материјали.

 

Cary 6000i

Овој спектрофотометар има опсег од 170 до 1800 nm. Користи InGaAs детекција со што значително се подобрува линеарноста на инструментот.

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад