Agilent Technologies     UV - Vis спектроскопија

Молекулската спектроскопија не може да се замисли без докажаните инструменти на Agilent Technologies кои наоѓаат примена во фармацевтската индустрија, хемиската индустрија, тестирањето на материјали, академските истражувања или развојните истражувања. Базирани на водечката технологија која се наоѓа во Cary брендот, Agilent нуди широк опсег на решенија од рутински анализи до истражувања.

UV - Vis

Протфолиото на Agilent нуди флексбилни, прецизни и интуитивни UV-Vis системи od Cary серијата кои се дизајнирани така да одговораат на сечии аналитички потреби и апликации. Единствената ксенонска ламба во Cary 60 овозможува земање примероци на далечина, додека пак Cary 4000 овозможува мерења во многу заматени раствори. Последниот инструмент на ова портфолио е Cary 8454 со низа од диоди кој ги снима целото UV-Vis подрачје од 190 до 1100 nm за помалку од една секунда.

Cary 60

UV-Vis спектрофотометарот Cary 60 е ефикасен, прецизен и фелксибилен инструмент. Ксенонската ламба има животен век од 3 милијарди уклучувања односно 10 години. Со ова се намалуваат трошоците за менување на ламбата на пократок временски период. Изборната оптичка сонда дозволува мерење на примероци во садовите во кои се наоѓаат без притоа да мора да се префрлуваат во кивети. Фокусираниот зрак е одличен за мерење на мали волумени точно и репродуцибилно.  Со снимање од 24000 nm/min, можете да го скенирате целото подрачје од 190 – 1100 nm за помалку од три секунди. Софтверот Cary WinUV може да се прилагоди така да одговара на вашите аналитички потреби од QA/QC апликации до истражувачки цели. 

Cary 100

Овој спектрофотометар е доста лесен за одржување со можнст на употреба на голем број додатоци за рутински лабораториски анализи. Контролиран од Cary UVWin софтверот е одличен избор за универзитетски лаборатории.

 

Cary 300

Спектрофотометарот Cary 300 е погоден за истражувачки лаборатории. Има способност за поврзување со голем број на додаотци за да се подобрат неговите перформанси и карактеристики.

 

Cary 4000

Cary 4000 е спектрофотометар со неверојатни перформанси особено во опсегот од 175-900 nm правејќи го погоден за анализа на биотехнолошки примероци со минимални подготовки на примерокот. Употребувајќи го прилагодливиот Cary UVWin софтвер, може лесно да најде примена и во биолошките и во фармацевтските лаборатории.

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад