Agilent Technologies     ICP MS

Новиот Agilent 7900 ICP-MS отвора нови можности во квадруполната ICP-MS анализа. Овој инструмент има 10 пати поголема толеранција на матрикс, 10 пати поширок динамичен опсег и дава 10 пати подобри резултати за signal to noise вредности.

Комбинацијата на хардверските способности и софтверската контрола со MassHunter платформата го прават овој инструмент да биде најавтоматизираниот квадруполен ICP-MS на пазарот.

Опцијата за администрирање на примерок со комплицирана матрица (UHMI) овозможува рутинско мерење на примероци кои содржат дури до 25% TDS (вкупно растворени цврсти супстанци)  што е за 100 пати повисоко од стандардните вредности со што се издвојува како единствен инструмент со ваква способност.

Подобрениот и оптимизираниот вакуумски систем го подобрува преносот на јони со што овозможува сензитивност  >109 cps/ppm на <2% CeO. Новиот ортогонален детектор го намалува шумот и со тоа се овозможува мерење на елементи кои се во многу ниски концентрации. 

 

8800 Triple Quadrupole ICP-MS системот е првиот ICP инструмент со троен квадрупол. Овој инструмент обезбедува можност за типови на анализи кои претходно не беа возможни да се направат. Има неверојатна осетливност и понизок шум со што се искажуваат неговите несомнени перформанси споредени со постоечките квадруполни ICP-MS инструменти.

 

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад