Agilent Technologies     Масена спектрометрија

Масена спектрометрија

 

Течна хроматографија со масенa спектрометрија (LC-MS)


Новата 6000 Серија на LC/MS детектори на Agilent Technologies претставува остварување на најголемата обврска на Agilent кон корисницете на оваа техника, да создаде LC/MS системи кои ќе бидат не само супериорни по своите карактеристики, туку ќе бидат супериорни и во нивната издржливост, стабилност и едноставност во работата. Во прилог е портфолио на LC/MS инструментите од Новата 6000 Серија на Agilent Technologies:

 

 

 

 Гасна хроматографија со масенa спектрометрија (GC-MS)


 

Ви ја претставуваме новата генерација на веќе докажаната 5975 серијата на месени детектори од Agilent Technologiest. 5975 серијата со инертен MSD и новиот Triple-Axis Detector ја зголемува продуктивноста на вашата лабораторија и отвара нови можности во аналитиката. Системот ви нуди максимална сензитивност и најдобра резолуција на масените спектри при најмало отстапување од масите. Напредните анализи стануваат рутински и при тоа добивате повеќе информации со втората генерација на софтверот за деконволузија и пречистување на спектрите. Софтверот за идентификацијата и квантификацијата на аналитите кои се предмет на интерес е лесен за совладување и потребно многу малку време и внимание за да се дојде до репродуцибилни и точни резултати.

 

 Индуктивно спрегната плазма масена спектрометрија (ICP-MS)


Од моментот кога ICP-MS техниката стана водечка техника за анализа на траги од метали, Agilent Technologiest е водечка компанија во развојот и дизајнот на инструментите со голем број на револуционерни иновативни решенија. Со новата 7700 серија на на ICP-MS инструменти Agilent Technologiest продолжува со воведување на нови иновации за целата ICP-MS техника, со што се зголемуваат перформансите на инструментите со редукција на интерференциите и зголемување на бројот на примероци кои можат да се анализираат за пократко време. Со тоа ICP-MS техниката се приближува до корисниците со својата едноставност и влегува во рутинските техники во секоја лабораторија.

Моделите 7700x и 7700s на ICP-MS 7700 серијата на Agilent Technologiest се наследници на најпродаваните модели од 7500 серијата на ICP-MS инструменти во светот. Моделот 7700x дава нов концепт во ICP-MS технологијата и е создаден за рутински анализи без интерференции на сите елементи и во инзонредно сложени матрикси со едноставно подесување на условите на анализата. Во овој инструмент е вградена третата генерација на уникатната ORS3 технологија на Agilent Technologiest и може да користи чист хелиум како колизационен гас за сите елементи што го прави моделот 7700x едноставен за користење при ptt ниво на квантификација. Во овој модел е вградена и револуционерниот систем за аеросолно внесување на примероци (HMI - High Matrix Introduction) кои имаат сложени матрикси (отпадна вода, почви, храна и биолошки примероци) со што е надминат ограничувањето на ICP MS техниката за внесување на примероци со 0,1 до 0,2 % на вкупно растворливи соли. Новата насока во ICP-MS анализите е добивање на едноставни, брзи и репродуцибилни резутати со голема точност. Овие барања се секојдневни во лабораториите кои работат со елементи во траги, при што доаѓаат до израз најдобрите карактеристики на издржлив, едноставен ICP-MS инструмент на кој може да му се верува. Тоа е најновиот модел 7700x на Agilent Technologiest.

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад