Agilent Technologies     Гасна хроматографија

Agilent го обезбедува најширокиот избор на гасна хроматографија и гасна хроматографија спрегната со масена спектрометрија. Нудејќи ги овие инструменти, обезбедува сигурност во анализите и резултатите. Независно од тоа дали ви треба инструмент за едноставни или сложени анализи, Agilent нуди флексибилни и модуларни конфигурации кои се издржливи и докажани како најдобри како од аспект на прецизност на анализата така и од аспект на најмали трошоци по примерок.

Гасна хроматографија (GC)

Моделот Agilent 7890B GC е инструмент во кој е вградено целото познавање и искуство во однос на гасната хроматографија кое е собирано во последните 40 години работа во оваа област. Овој модел со своите напредни способности овозможува поголем обем на работа да се заврши во пократко време. Квалитетот на инструментот и неговата издржливост овозможуваат тој да ги задржи перформансите во текот на годините независно од интензитетот на употребување. Петтата генерација на електронска пневматска контрола (EPC) и дигитална електроника го прават овој инструмент неспоредливо подобар од другите. Со брзото ладење на печката и новите backflush способности, овој инструмент ви овозможува скратување на времето потребно за анализа и со тоа ги намалува трошоците по примерок. Кај моделот 7890B, за првпат, се користи технологијата на инертен пат од инлетот до детекторот. Со технолошкиот развој на инлетите, лајнерите, колоните и детекторите, доаѓа до намалување на распаѓањето на нестабилните компоненти и така се зголемува сигналот на аналитите од интерес. Петтата генерација на електронските контролери на притисок, дигиталното сетирање на притисоците и подесување по ретенционите времиња „retention time locking“ функцијата отворија ново поглавје во гасната хроматографија и го прават моделот 7890В најдоверлив инструмент за гасна хроматографија.

 

Гасна хроматографија со масенa спектрометрија (GC-MS)

 

5977А серијата на GC/MSD инструментите се новата генерација индустриски подобрени инструменти и најпопуларните GC/MS системи. 5977А MSD нуди нов, неверојатно осетлив Извор – екстрактор на јони за повисоки Signal to noise (SNR) вредности и пониски фемтограмски детекции. Споен со гасниот хроматограф 7890В, овој инструмент нуди навистина неспоредливи карактеристики. Се намалуваат трошоците за одржување како и трошоците за гасовите потребни за анализите. 5977А моделот е првиот кој успешно ги вклучува и ChemStation Data Analysis софтверот но и MassHunter квалитативната и квантитативната анализа во една работна површина.

 

5977Е серијата на GC/MSD е одличен за рутински апликации вклучувајќи ги и оние кои мораат да одговараат на одредени регулативни мерки. Овој систем доаѓа со 7890A модел на гасен хроматограф.

 

5975Т LTM GC/MSD системот е првиот преносен комерцијален GC/MSD систем.

 

7000C Triple Quadrupole GC/MS системот ја дава најпрецизната квантитативна анализа и доверливата идентификација дури и на најсложените матрици. Способноста за детекција на фемтограмски концентрации на овој систем се докажува веднаш по самата инсталација со што се потврдуваат единствените карактеристики на автосемплерот, гасниот хроматограф и масениот спектрометар. MassHunter софтверот го прави овој инструмент дополнително соодветен за голем број на апликации. Софтверот доаѓа со база на податоци за пестициди и останати загадувачи на животната средина.

 

Новиот 7101 Triple Quadrupole GC/MS е првиот инструмент кој овозможува атограмска детекција со електронска јонизација. Високоефикасниот електронски извор создава најмалку 20 пати повеќе јони од претходната генерација на екетронски извори со што се обезбедува ефикасност на целиот процес на анализа.


7200 GC/Q-TOF е инструмент од втората генерација со подобрени карактеристики со кои ја зацрвстува својата позиција за избор на инструмент кога имате потреба од многу комплицирани анализи и предизвикувачки матрикси. Овој систем се одликува со неверојатна осетливост и селектвиност. Одличен е во целните анализи за потврдување на структурата на одредена компонента од интерес како и за директни анализи на непознати компоненти.  

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад