Agilent Technologies     Течна хроматографија

 

Течна хроматографија (LC)

Серијата 1200 Infinity претставува постојан тек на технолошки иновации. 1220, 1260 Infinity течните хроматографи овозможуваат UHPLC перформанси а ги добивате за цена на HPLC систем. Со нив добивате неверојатна осетливост и комплетна компатибилност со сите ваши HPLC методи без притоа да имате ризик при заменувањето на постоечките инструменти. Системите од оваа серија се одликуваат со модуларен дизајн кој му овозможува на корисникот да го прилагоди системот согласно своите потреби.

1260 Infinity системот го добивате по цена на обичен HPLC систем но со него добивате значително побрзи резултати со одличен квалитет. Системот постигнува притисок од 600 bar и се карактеризира со неверојатно рамна базна линија и импресивна осетливост на детекторот со низа од диоди (DAD) благодарение на единствената прецизност при мешање на растворувачите под притисок.

Последната новина од оваа серија е новиот 1290 Infinity II течен хроматограф кој поставува нови граници во аналитичката, лабораториската и инструменталната ефикасност. Без разлика на условите на вашите апликации, 1290 Infinity II системот нуди одлични перформанси, флексибилност и сигурност – сè она кое е потребно за секаков тип на апликации, од истражувачки цели до контрола на квалитет. Новиот Agilent 1290 Infinity II UHPLC систем нуди посебен квалитет и издржливост. Системот овозможува неспоредливо раздвојување и детекција. Доаѓа со зголемен капацитет за примероци и побрзо инјектирање. Овозможува  лесен и едноставен трансфер на методи од било кој производител со што се обезбедува континуитет во работата како и намалување на трошоците за анализи. Специјално дизајнираните компоненти на системот дозволуваат притисок од 1300 bar со проток од 2 mL/min. Новиот течен хроматограф ја намалува вредноста на carryover на помалку од 9 ppm. 60 милиметарскиот пат на Max-Light проточната келија обезбедува шум од помалку од ± 0.6 μAU/cm. Опцијата 1290 Infinity II High Dynamic Range DAD овозоможува и до 30 пати повисока осетливост. Можноста за брзо менување на еднодимензионалната во дводимензионална хроматографија обезбедува најголем капацитет на пикови дури и при разделување на компоненти со комплексни матрици.  Инструментот може да има вградено две инјектирачки игли со што се намалува времето потребно за завршување на анализите а со тоа се намалуваат и вашите трошоци.

 

Течна хроматографија со масенa спектрометрија (LC-MS)

Течната хроматографија со масена спектрометрија  нуди голем број на можности за сигурни и прецизни анализи. Комбинацијата на овие два типови на инструменти е од голема важност при голем број на анализи. Составувајќи ја новата 6000 серија, Agilent Technologies на своите корисници им нуди поширок избор на инструменти во зависност од потребите и апликациите.

 

6500 Q-TOF LC/MS инструментот нуди неверојатна брзина и сензитивност за квалитативна и квантитативна анализа на примероци. Пробивот на Agilent во оваа област е преку иновативната iFunnel технологија која овозможува инструментот да има неспоредливи карактеристики со било кој друг на пазарот. Вака креиран, 6500 системот овозможува најниски нивоа на детекција. За првпат се постигнува снезитивност од многу ниски фемтограмски концентрации со голема резолуција и точна маса. Овој инструмент е одличен избор за фармацевтската индустрија, идентификација на метаболити, форензиката, токсиколошките анализи, анализите за безбедност на храна и анализите за скрининг на животната средина.

 

6545 Q-TOF LC/MS системот го подигнува квалитетот на  Q-TOF инструментите од средната класа. Неговата ензитивност зголемена за пет пати од претходните инструменти му овозможува брзи и прецизни анализи. Независно од примената за анализи на храна, анализи на животна средина, метаболомика, липидомика или фармацевтска индустрија, овој инструмент нуди одлични резултати за мали молекули.

 

6560 Ion Mobility Q-TOF LC/MS системот овозможува добивање поголем број информации од комплексни примероци со тоа што додава дополнителна димнезија на разделување на јонската подвижност. Овој систем поврзан со 1920 Infinity UHPLC овозможува комбинирана моќ од разделување и селективност на хроматографот, јонската подвижност и масената спектрометрија.

 

6400 Triple Quadruple LC/MS системот ги задоволува сите ваши потреби од аспект на квантитативната анализа. Тројниот квадрупол обезбедува супериорна сензитивност, неверојатни перформанси и стабилност. Инструментите од оваа серија, 6420, 6460 и 6495 имаат неспоредливи карактеристики во однос на другите инструменти на пазарот. Тие се докажани како најдобри за квантитативните анализи во повеќе области и апликации во фармацевтска индустрија, клиничките истражувања, безбедност на храна, форензиката, токсикологијата и анализи на животнатата средина.

  • 6420 инструментот е економичен и нуди стандардни квантитативни способности применливи во повеќето индустрии.
  • Инструментот 6460 е надограден со Agilent Jet Stream технологијата која обезбедува неверојатно зголемување на осетливоста и поголема област на примена во комплицирани апликации.
  • 6495 системот ја користи iFunnel технологијата на Agilent и заедно во комбинација со иновативната јонска оптика и дизајнот на детекторот за мерење на ултра ниски концентрации овозможува примена при анализи со атограмски нивоа на кватификација.

 

Серијата на инструменти 6200, oдносно 6230B TOF LC/MS инструментот обезбедува точна анализа на масата на различни видови на примероци во голем број аналитички апликации. Со овој систем може да се изврши профилирање, идентификација, карактеризаџија и квантификација како на мали така и на големи молекули. Заедно со напредниот софтвер за анализа на маси со процесирачки алатки, овој инструмент нуди можност за употреба на апликации кои опфаќаат и развој на лекови, токсиколошки анализи како и анализи на рекомбинантни протеини. Овој систем поддржува и МS/MS апликации со примена на фрагментите формирани од јонскиот извор. Со користење на All Ions MS/MS софтверот, TOF системот обезбедува идентификација на компонентите со помош на споредба со податоци од Agilent MS/MS библиотеката. Овој принцип на работа е особено важен за форензичките и токсиколошките лаборатории.  

 

Идеален за поврзување со Agilent 1220, 1260 и 1290 Infinity сериите од портфолиото на течната хроматографија, 6100В Single Quadrupole LC/MS инструментот наоѓа одлична примена како во истражувачки така и во рутински апликации.

Лице за контакт:

Зоран Настов, дипл. инж. по биологија
тел.:  + (389 2) 20 33 833
тел.:  + (389 2) 20 31 193, лок. 42
е-поштаzoran@farmahem.com.mk

Назад